Голот висеше во воздухот, Звезда играше добро, извикуваше „каков Тито“, а потоа луѓе непознати за играчите стапнаа на теренот и му рекоа на судијата Мухаремовиќ да го прекине натпреварот.
За некого можеби е непознат факт, но Марадона има гостувано на Маракана во Белград со тимот на Барселона. Прилика за двајца македонски репрезентативци да се најдат рамо до рамо со аргентинската икона.
Дали знаете во кои клубови има најмногу фудбалери кои се радувале на трофеј и како играчи и како тренери во истата екипа? Тоа се Барселона и Црвена Звезда кои се рекордери со по 14 имиња.
1987 година за навивачите на Вардар е историска бидејќи стана шампион на Југославија, за навивачите на Порто затоа што за прв пат станаа прваци во Европа. Белград пак тогаш беше сведок на едно од најдобрите изданија на Звезда во тогашниот Европски Куп.
Ова е ветувањето на тренерот на Партизан Ненад Бјековиќ пред 75-то вечно белградско дерби од сезоната 1984/1985 на кое настапуваа браќата Ѓуровски. Милко даде гол, но Црвена Ѕвезда не се спаси од пораз и тоа коло прв пат во историјата се најде на дното на табелата.
Тие што се родени од 2000-та па наваму за Бошко веројатно прв пат слушнаа додека ни беше селектор. Нас ни враќа спомени уште од квалификацискиот меч против Кипар за ЕП 1996 кога даде хет-трик на Градски. Репрезентативец на Македонија, тогаш беше и брат му Милко кој настапи на тој меч. Србите потсетија на новогодишното издание на Темпо од 1987. година кога браќата беа ривали во Звезда и Партизан.
Два дена по отказот на Бошко Ѓуровски кој ФФМ му го врачи на последната седница на управниот одбор, довчерашниот селектор на Македонија се јави со реакција.
„Сакам на терен да видам играчи победници со карактер кои ќе играат модерен и агресивен фудбал“, изјави сега веќе поранешниот селектор на Македонија кој испроба околу 60 играчи од деби мечот на 5 март минатата година и победи на два меча.
Четврти пат во квалификациите за ЕП 2016, нашите фудбалери го напуштија теренот со спуштена глава. Сепак, ни тоа не го демотивира селекторот Бошко Ѓуровски, кој вели дека квалификациите не се завршени.
Малиот коефициент во кладилница за победа на Роналдо, се покажа дека на апсолутниот фаворит нема да му избега одбраната на „Златната топка“. Најголема поддршка доби од Европа и Африка.
Македонската фудбалска репрезентација го претрпе третиот пораз во квалификациите за ЕП 2016, вкупно петти од Словачка во досегашните седум меѓусебни дуели. Со головите на Адам Немец и Јурај Кучка, Словачка и натаму е на прво место во групата со максимален ефект.
И покрај инцидентот на денешниот тренинг и отстранувањето на двајца репрезентативци од националниот тим, Бошко Ѓуровски е расположен пред тешкиот квалификациски натпревар против Словачка.
Ако утре вечер имаме повеќе од 12 удари на голот и повеќе од 10 центаршутеви, ќе триумфираме, изјави селекторот Ѓуровски пред натпреварот со Луксембург.
Македонската фудбалска репрезентација утревечер на „Филип Втори“ ќе го нагости првиот противник во новата година, а тоа е селекцијата на Летонија која е 111 на ранг листата на ФИФА. Новиот предводник на нашата селекција со нови сопствени принципи ќе се обиде да го подобри квалитетот во нашиот тим.
Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација со неколку новитети во тимот ќе дебитира на пријателскиот меч против Летонија кој е закажан за 5 март на арената „Филип Втори" во Скопје.
Фудбалската федерација на Македонија за нов селектор на националниот тим го назначи поранешниот репрезентативец Бошко Ѓуровски кој го носеше дресот во деведесетите години.