Македонскиот селектор Бошко Ѓуровски со неколку промени во составот на националниот тим ќе го пречека првиот противник на нашата селекција во новата година.
Новите две имиња кои ќе дебитираат за македонската фудбалска репрезентација се Крсте Велковски кој настапува за екипата на Сараево, како и напаѓачот Бесарт Ибраими кој е член на Енозис.
Ѓуровски во составот го врати Горан Попов кој поради дисциплински мерки беше отстранет од тимот од неговиот претходник Чеде Јаневски, како и Марио Ѓуровски, Муарем Муарем, Стефан Спировски и Бесарт Ибраими.
По откажување на Горан Пандев, за пензионирање од селекцијата на Македонија размислува и искусниот дефанзивец на Мајнц, Николче Новески кој се уште ја нема донесено својата конечна одлука.
Голмани: Томе Пачовски, Кристијан Наумовски
Одбрана: Даниел Георгиевски, Александар Тодоровски, Бобан Грнчаров, Ванче Шиков, Даниел Мојсов, Горан Попов, Кире Ристевски
Среден ред: Мухамед Демири, Остоја Стјепановиќ, Стефан Спировски, Ферхан Хасани, Иван Тричковски, Агим Ибраими, Марио Ѓуровски, Муарем Муарем
Напад: Мирко Ивановски Јован Костовски, Дејан Блажевски, Бесарт Ибраими, Крсте Велкоски