Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека Ѓуровски добил отказ поради нивните очекувања и притисокот на јавноста за подобри резултати, а тој ја обвинува дека нема визија за иднината на националниот тим.
Целото соопштение на Бошко Ѓуровски до јавноста:
По одлуката на УО на ФФМ за раскинување на мојот професионален договор на селекторската функција, би сакал да го искажам својот став во јавноста, истовремено заблагодарувајќи се за довербата и поддршката што ја добив за време на мојот мандат.
Веднаш на почетокот, да кажам дека најостро ги одбивам нападите кон мене како главен виновник за резултатите на македонската фудбалска репрезентација.
Немајќи доволно самокритичност и храброст да се согледаат проблемите на фудбалот во нивната суштина, не сум изненаден од претседателот Илчо Ѓорѓиоски, Управниот одбор на ФФМ и дел од јавноста, што не ја препознаа мојата идеја…!? (друг пат за тоа).
Со оваа постапка за раскинување на договорот, се покажа дека ФФМ нема јасна визија за “А” РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА во иднина…!? Да ги донесеме Анчелоти и Мурињо заедно, мислам дека не можат да направат ништо за краток временски период.
Благодарност до ФФМ за довербата, а посебно на стручниот штаб и на фудбалерите за извонредната соработка. Поголема среќа и успех во иднина.