Ја имаме фотографијата на денот. Бошко Ѓуровски vs Диего Армандо Марадона. Каква чест, предизвик и сигурно возбуда за поранешниот македонски репрезентативец и селектор.
Се работи за натпревар од Купот на Куповите на победниците одигран на 20 октомври 1982. Марадона тука неполни е со неполни 22 години (роден е на 30 октомври 1960), а Бошко е роден во Тетово на 28 декември 1961. Значи една година е помал.
Маракана крца, 80.000 гледачи. Доаѓа големата ѕвезда која таа година го прави трансферот од Бока Јуниорс во Барселона, а резултатот 2:4 со тројца стрелци по два гола.
За гостите стрелаат Марадона и Бернд Шустер, а за домаќините Рајко Јањанин. Едниот гол на Марадона празник за очи.
Уживајте во епскиот лоб на уметникот.
Денешна изјава на Бошко Ѓуровски за Слободен печат:
„Пред натпреварот на „Маракана“ во 1982 година, бев во карантин во собата со мојот кум Рајко Јањанин. И ние разговараме една вечер пред натпреварот, најдобриот играч на светот ни доаѓа, за да покаже дека тој е навистина најдобриот..Кога го постигна тој гол, публиката аплаудираше три или четири минути. Тоа беше неговата магија… Кога ќе излезете да се загреете и го видите, гледате дека тој е сродна душа со топката. Се обидував да го имитирам, жонглирање со рамото, лепејќи ја топката на челот“.