Таг: милко ѓуровски

Браќата Македонци кои имаа чест да играат против Марадона

За некого можеби е непознат факт, но Марадона има гостувано на Маракана во Белград со тимот на Барселона. Прилика за двајца македонски репрезентативци да се најдат рамо до рамо со аргентинската икона.

Што ако Роналдо има 300 милиони кога не може да седне на раат во кафана како Милко

Го облече дресот и на Ѕвезда и за Партизан. Беше репрезентативец и на Југославија и на Македонија. Роден е во Тетово, ама најголема ѕвезда е во Гронинген. Него не можеше да го легнеш во 11 навечер за да биде свеж на тренинг. Сакаше да го живее животот. И го живееше.

Ако ги добиеме "циганите", ќе ти поклонам маица Лакост

Ова е ветувањето на тренерот на Партизан Ненад Бјековиќ пред 75-то вечно белградско дерби од сезоната 1984/1985 на кое настапуваа браќата Ѓуровски. Милко даде гол, но Црвена Ѕвезда не се спаси од пораз и тоа коло прв пат во историјата се најде на дното на табелата.

Среќна нова 87-ма од Бошко и Милко Ѓуровски

Тие што се родени од 2000-та па наваму за Бошко веројатно прв пат слушнаа додека ни беше селектор. Нас ни враќа спомени уште од квалификацискиот меч против Кипар за ЕП 1996 кога даде хет-трик на Градски. Репрезентативец на Македонија, тогаш беше и брат му Милко кој настапи на тој меч. Србите потсетија на новогодишното издание на Темпо од 1987. година кога браќата беа ривали во Звезда и Партизан.