Како што информираат од ФФМ одлуката за избор на новиот селектор била донесена според критериуимите, а дел од нив се тренерското искуство, остварените тренерски резултати, и подготвеноста да има директен увид во случувањата во македонскиот фудбал.
Како Федерација верувавме во неговите квалитети и способности, и сметаме дека со својот карактер, професионализам и пред се успешно професионално тренерско искуство ќе ги подигне стандардите на работа, дека ќе биде селектор кој во даден момент ќе го прави најдобриот избор на фудбалери и ќе постави најсоодветна тактика зависно од противниците. Сметаме дека ќе биде селектор, кој со својот стручен тим максимално сериозно ќе му пристапува на секој натпревар, ќе создаде компактен тим, каде поединците ќе бидат во функција на колективот и ќе имаме успех. Федерацијата со сите свои капацитети ќе го поддржи во неговата работа, ќе му обезбеди слобода и идеални услови за работа, а се со цел, успех во следниот квалификациски циклус, стои во дописот на ФФМ.
Ѓуровски со екипата на Црвена звезда ја освои двојната круна во Србија, а од 2008 година му е помошник на Драган Стојковиќ-Пикси во јапонскиот клуб Нагоја.
Со некогашниот прославен фудбалер ФФМ потпишаа двегодишен договор со можност за продолжување за уште две години, а официјално ќе биде претставен на 12 декември.