Во изборот за најдобар фудбалер на планетата за 2014-та гласаа 181 селектор, 182 капитени на репрезентациите и 181 новинар кои даваат по пет, три и еден поен. Кристијано Роналдо победи убедливо со 37,66% од гласовите, пред Меси (15.76%) и Мануел Ноер (15.72).
Португалецот доби огромна доверба од сите страни кои имаат право на глас. Од капитените на фудбалските селекции, со 5 поени го наградија 99-на, Меси 31, а Ноер 22-ца.
Од селекторските гласови максимален број на поени на Роналдо му дадоа 89-на, 33-ца на Ноер и 20 на Меси. Наједногласни беа спортските новинари од кои 115 гласаа за Роналдо, 31 за Ноер и само 4-ца за Меси.
На нашиот селектор, Бошко Ѓуровски победникот му беше во трет план и му даде само поен, со 3 поени го награди Ариен Робен, а најголема поддршка му даде на Ноер. Капитенот на Македонија, Томе Пачовски победникот го награди со 5 поени, 3 му даде на Ноер и еден на Азар од Челси.
Најмногу изненадија Рој Хоџсон и селекторот на Јапонија кои го фаворизираа Хавиер Маскерано од Барселона, а капитенот на Белгија Винсент Компани 5-те поени ги издвои за својот сонародник Куртоа.
На листата на фудбалери кои добија 5 поени има и неколку германски репрезентативци кои се радуваа на златниот пехар во Бразил. Еден од нив е Филип Лам кој доби најголема поддршка од капитенот на Естонија и лев бек на Аузбург Клаван Рагнар, од капитенот на Судан, од селекторите на Алжир и Хрватска и од новинарите од Малезија и Јужна Африка.
Географски приказ на гласовите по континенти.
Роналдо објасни дека наградата ја прославил со врисок, бидејќи така прави и за головите. (пуштете ги звучките посилно)