На табелата можете да ги видите екипите кои имаат двоцифрен број на играчи кои стигнале до таков дострел. Прво трофеј како играчи, а потоа и како тренери во клубот каде играле. Болдираните имиња се оние кои успеале истото да го сторат и со меѓународен трофеј.
Инаку во Црвена Ѕвезда тоа му успеало и на еден Македонец. Се работи за Бошко Ѓуровски кој е четири кратен првак на Југославија и дво кратен освојувач на Купот како играч. Сезоната 2006/2007 тој ја заврши со двојна круна како тренер на тимот од Белград.
На Фабио Капело вакво нешто му успеало во три екипи. Тоа се Рома, Милан и Јувентус, додека во клубови како Манчестер Јунајтед, Шалке, Баер Леверкузен и Парма нема такви играчи.