Рос Морган се спремал како по обичај за мечот на неговиот Ипсвич Таун. Дресот на „Трактор момците“, пиво, чипс и многу очекувања. Клубот 13 години не играл во Премиер лигата и полуфиналето на плејофот на Чемпионшип е од таква важност што навивачите не смеат да бидат неспремни.
Во првото полуфинале од плејофот, Ипсвич го пречека Норвич кој во саботата поведе со 0-1 во 41' минута од мечот. Судијата го продолжи полувремето за дополнителни четири минути и кога се спремаше да свирне крај на првиот дел, Ипсвич израмни преку Пол Андерсон.
Во тој момент, Рос Морган (25) удрил од радост во таванот, направил дупка и ја повредил раката. По средбата која заврши 1-1, ја фотографирал дупката од таванот и раката и му ја постирал на стрелецот Пол Робинсон на Твитер.
Напаѓачот веднаш го прашал Морган колку чини штетата за да ја покрие, затоа што тој е „виновник“ за дупката на таванот. „Сериозно кажи ми колку треба. Моја вина е“, пиша Андерсон на Твитер, а Морган врати дека не треба ништо и дека сам ќе ја поправел штетата.
Морган изјавил дека телефонот не престанал да му ѕвони после постот на Твитер и го прашува Андерсон: „Што друго да скршам кога пак ќе дадеш гол“? а Андо му одговара: „Што сакаш. Само гледај да не е нешто многу скапо“.
Вториот полуфинален пар го сочинуваат Мидлсборо и Брентфорд, а првиот дуел заврши 2-1 за Боро. Реваншите се во петок и во сабота.