На 4 март пред 21 година Манчестер Јунајтед го совлада Ипсвич со 9:0. Енди Кол броеше dо 5 гола, Марк Хјуз даде два, а Рој Кин и Пол Инс по еден. Црвените ѓаволи во 99-та го совладаа Нотингем Форест со 8:1, а пред пет години славеа над Арсенал со 8:2. Тотенхем во 2009-та го победи Виган со 9:1. но за највисока рекордна победа во историјата на Премиер лигата се смета триумфот на Манчестер од 9:0.
Првата највисока победа во професионалниот фудбал се случила во 1885 година во Шкотскиот Куп кога Ерброт славел над Бон Акорд со 36:0. На полувреме било 15:0, а поради офсајд биле поништени седум голови.
Апсолутниот рекорд го држи Емерн против Адема кој заврши 149:0 во првенството во Мадагаскар 2002 година. Сепак гостите протестираа против судиска неправда од претходен меч и сите 149 голови беа автоголови.
Слично нешто се случи и во Нигерија пред три години на мечот меѓу Плато Јунајтед и Акурба кој заврши 79:0. За пласман во повисок ранг домаќините бркаа гол разлика и во второто полувреме постигнаа 72 гола. И двете екипи беа суспендирани од Нигериската фудбалска федерација.
Рекорд во меѓународни рамки е победата на Австралија над Самоа од 31:0.