Јасмина Буриќ дошла во Америка со своите родители кога имала само 17 години. За 1991-ва се работи, кога на американско тло ги дочекува крвавиот распад на поранешната татковина па решаваат да останат таму додека да видат како ќе се развива ситуацијата. Како што знаеме сите, ситуацијата испаѓа таква што најпаметно им било да не се враќаат.
Денеска Јасмина е главен мајстор за десерти во престижниот њујоршки Four Seasons. Служат екстравагантни и ултра скапи десерти на богатите гости на хотелот, меѓу другото и она што шефицата го донела од својата родна Црна Гора - шампита.
"Јас доаѓам од мала земја и не би можела со часови да зборувам за нашата храна како некој од Италија и Франција," му вели Буриќ на новинарот кој ја споделува својата изненаденост што една земја голема како нивниот Конектикат може да се граничи со толку многу држави (Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Албанија).
Самата шампита личи на нешто што западњаците го знаат како меренг (пуслица илити целувка), но, многу поблаго отколку што се навикнати. Оздола пандишпан од жолчки, горе матени белки со шербет. Американскиот вкус преставен во новинарот вели дека за да се издржи, шампитата би требало да биде пресечена со силно црно кафе. А задолжителна е, вели, и педантна дентална хигиена.
Она што е многу пошарено и посложено од шампитата е кругот на луѓе кои доаѓаат од тие краишта. Во воените екс- ЈУ времиња не ни смееле да останат пријатели па сепак не потклекнале на лудилото од нивните земји. Едно од омилените места за собирање на тамошните Хрвати, Срби, Бошњаци е кафеана која се вика Европа. А се собираат таму не затоа што им недостасува стариот континент туку затоа што ги има најдобрите ќебапи во Њујорк.
"Црна гора се наоѓа некаде на средината на поранешна Југославија а таа пак, на средината меѓу Централна Европа и Медитеранот. Во десертна смисла, шампитата е некаде на половина меѓу елегантните австриски колачи и натопените со шербет баклави на Турција и Грција. А тоа зборува и за луѓето кои ја прават", заклучува гастро рецензентот на Њујорк Тајмс.