„Не ја пуштам баба ми од кафез дур не купите стопер“

Навивач на Ипсвич, извесен Лук на својот профил објавил фотографија на која баба му е затворена во кафез и напишал дека нема да ја ослободи додека клубот не ангажира одбранбен играч.

Следниот ден официјалниот профил на Ипсвич на Твитер објавил: „Ние обично не преминуваме преку вакви работи, но време е да ја пуштиш баба ти, Лук.“

Набрзо клубот соопштил дека во меѓувреме ангажирал нов стопер - Аристот Нсиала од Шрузбери Таун.

 

10 август 2018 - 11:48