
„СИЛАТА НА ТВРДИНАТА!
Во пресрет на јубилејната година, кога РК Вардар 1961 го прославува 65 роденден, со огромна чест ви го претставуваме новиот дрес на клубот за наредните две сезони.
Скопското Кале, тврдината на градот Скопје, симбол на издржливоста, на приказната која со децении, со многу труд и емоција ја имаат создавано и се уште ја создаваат генерации на ракометни легенди, спортски работници и навивачи, како и црвено-црните риги, нашиот препознатлив заштитен знак, на секој натпревар, дури и во најтешките моменти нека ги потсетуваат ракометарите на теренот на големината и на славната историја на клубот. Нека им бидат поттик и патоказ кон враќањето на тронот!
Новиот дрес е само почеток на низата од настани и активности, со кои РК Вардар 1961 во текот на целата година ќе го прослави 65 роденден.
Благодарност до сите кои беа дел и несебично ја помогнаа реализацијата на промотивното видео.
Клуб за сите генерации - клуб со славно минато!“, стои во најавата на црвено-црните.