
Шампионите во машка и во женска конкуренција на Отвореното првенство на САД ќе однесат секој по 5 милиони долари дома што е за 39% поголема сума од претходната која изнесуваше 3,6 милиони долари за шампионите во 2024.
Покрај зголемената сума за шампионски пехар, пласман во финале ќе носи неверојатни 2,5 милиони долари што е исто огромен раст од 39% во однос на минатата 2024-та. Полуфиналистите ќе заработат 1,26 милиони долари, четвртфиналистите 660.000 долари (раст од цели 25%), а осминафиналистите ќе добијат 400.000 долари.
Фантастична сума ќе добијат и квалификантите.
Оној кој ќе ја мине првата квалификациска рунда ќе добие 27.500 долари, следната 41.800 долари а победа во колото после тоа носи 57.200 долари и пласман во главниот ждреп.
Многу пари ќе заработат и паровите, односно тенисерите и тенисерките кои ќе играат дубл. За првпат во тениската историја машкиот дубл, женскиот дубл и микс дублот ќе добијат по 1 милион долари!
Покрај тоа сите играчи кои ќе настапат, ќе добијат премија (стипендија) од 1.000 долари за патни трошоци, како и две хотелски соби во хотелот резервиран за сите тенисери и тенисерки (или по 600 долари ако играч реши да смени локација).
Играчите ќе добиваат и по пет бесплатни рекети секое коло што е уникатен пример досега во тенисот.