Ја нарекуваат најмоќната жена во светскиот фудбал, а имајќи ја предвид нејзината улога и одговорност, таа е речиси анонимна. Лицето и го гледаме, но гласот не и го слушаме, а во позадина е опасно добра за работа.
Неколку години Челси беше, а и уште е синоним за клуб кој праќа млади играчи на калење, со надеж дека еден ден ќе се вратат поискусни или ќе ја наполнат клупската каса. Ама тоа е само дел од голема трансфер машинерија,
Мајкл Еменало е човекот кој цели 10 години му бил еден од најверните соработници на Роман Абрамович но кој во понеделникот реши да замине од „Стемфорд Бриџ“ од лични причини. На повидок е конфликт меѓу Конте и десната рака на Русинот, највлијателната жена во фудбалот.
Ако не сте голем љубител на англиската Премиер лига во ред е никогаш да не сте го слушнале името Марина Грановскаја. Ако не сте страстен навивач на Челси, речиси сигурно не знаете како таа изгледа.
Откако го купи Челси, рускиот милијардер беше меѓу првите газди кој почна без контрола да троши пари за засилувања. Но покрај себе има симпатична дама која не e дојдена само да шармира, туку да му го прибере џебот и да го научи како да го полни преку фудбалот.