Клубот од Лондон има посебен оддел за позајмени фудбалери којшто се состои од 9 луѓе: три трнери, четворица аналитичари, лекар и менаџер задолжен за адаптација на играчите. Сите тие составуваат диета, програма и план на развој што ќе им помогнат во новиот клуб и град. Подоцна го анализираат прогресот на секој позајен играч поединечно.
Има и такви кои имаат 26 години, веќе шеста година се под договор со Челси, ама никогаш не заиграла во тимот од метрополата, туку постојано се на позајмици, како на пример Џамал Блекмен.
„Разговарам со тренерите на Челси секој ден. Просто неверојатно е чувството да бидете дел од така голем клуб во кој секогаш доаѓаат класа играчи и тренери. Разговарам со тренерот на голманите Кристоф Лолишон. Тој до ден денес ги гледа моите натпревари за Бристол Роверс или кој било друг клуб. Имав голема среќа“.
Така Челси успеа да ја преброди суспензијата поради кршење на фер плејот и успеа да најде економска солуција да издржува 60-70 играчи истовремено. Системот проработел и дури 7 играчи од актуелниот состав беа на разни позајмици, а други му донесоа на клубот десетина милиони фунти.
Но системот за позајмени играчи е само дел од големата трансфер машина.
Свеж пример за работата на оваа трансфер машина е трансферот на најбараниот играч во цела Европа, Тимо Вернер. Германскиот напаѓач го бараа и Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Интер, но на крај го доведоа на „Стемфорд Бриџ“. Како?
ТРАНСФЕРИТЕ НА ЧЕЛСИ ПО 2010-ТА БЕА ТОТАЛНИ УТКИ, ПА ГОЛЕМИТЕ ЗАГУБИ ГО ПРИМОРАА КЛУБОТ ДА МЕНУВА НЕШТО
На почетокот на деценијата по 2010-та Челси беше во милионерска еуфорија. Го наполнија составот со суперѕвезди, но тоа не донесе резултат па се свртеа кон перспективни таленти.
Скапо платениот трансфер на Торес не се исплатеше и башка го оптерети финансискиот фер плеј. На Челси му требаа реформи за да го стабилизира буџетот.
Имало слаба синхронизација меѓу скаутскиот оддел кој работел во режим на препораки, спортскиот директор Мајкл Еменало бил посредник и се договарал со тие кои му се јавувале а потенцијалните трансфери никој не ги анализирал. Се решавал тренерот.
За 6 години Челси смени 8 менаџери и секој го гледаше фудбалот по свое. Непостоењето систем не донесе резултати. Сите паметите што се случи со Лукаку, Де Брујне и Салах. Тие можеа да станат фундаментални носители на Челси.
Првите двајца ги донесе Пит Де Висер, советник на Роман Абрамович и поранешен холандски скаут. Потоа дојдоа Куртоа и Азар. Таква моќна инекција со топ играчи Челси никогаш немаше. Но се смени тренерот, Мурињо сметаше на други играчи и ги батали Кевин, Лукаку и Салах. Ги батали и Квадрадо и Салах итн.
„Лудо е што во јануари 2011-та година ние потрошивме 269 милиони фунти на трансфери. Кој од тие трансфери се базираше на анализа? Колку објективни беа тие одлуки? Кој подробно изучуваше статистика? Инвестирате 50 милиони фунти во еден играч, но од кај ќе знаете што ќе добиете за своите пари?“, се жалел шефот на скаут одделот на Челси Скот Меклахлан за The Athletic.
Токму Меклахлан станал двигател кој ги донел промените. Тој на времето почнал во Фулам и Саутемптон, бил еден од првите кој користел аналитика во скаутинг и дошол во Челси во 2011-та година.
Дури две години подоцна добил 20 скаути под него и во следните неколку години создал систем за претрага на играчи. Како што пишува The Athletic, Челси веќе не работи ни со советници ни со надворешни скаути, туку ги крие своите цели и се држи до своите вработени.
Клупските скаути никогаш не користат акредитација каде и да одат во лов на таленти. Тие си купуваат карти со обичната публика, се облекуваат неприметно и не користат никакви атрибути на Челси.
Извештаите секогаш се шифрирани. Само во Челси можат да ги прочитаат белешките на „извидницата“. Човек од надвор може да види само броеви и букви.
Скаутите имаат специјална програма напишана лично од Меклахлан, во неа се додаваат напредни податоци за статистики и видео анализи, а посебно се проценува склоноста кон повреди на играчот.
На Челси му е многу важно еден играч да може да одигра 3 меча неделно без да се пвореди. Дури после тоа клубот носи одлука.
„Челси има прав систем на оценување. Тоа не е пишување на скаут на кутија цигари додека гледа играч на проба. Тие не само што проценуваат на какво ниво е играч, туку и ја одредуваат реалната вредност на играчот и за тоа применуваат посебна, многу детална техника која го зема предвид и квалитетот на скаутот кој го оценил. Тоа е како магична пресметка која кажува дека на Челси му треба точно тоа дете“, вели за The Sun Кен Веј кој работел со Меклахлан во Саутемптон.
КЛУЧНА УЛОГА ВО ТРАНСФЕРИТЕ ИМААТ ЧЕТВОРИЦА (БЕЗ АБРАМОВИЧ), ЧЕЛСИ ГИ КУПИЛ ВЕРНЕР И ЗИЕШ БЛАГОДАРЕНИЕ НА НИВ
„Ние многу долго зборуваме со Марина Грановскаја,со Чех и со Меклахлан. Тие знаат што јас сакам. Јас активно учествувам во сите трансфери“, рекол Лампард во интервју за Football.London.
Меклахлан го оценува нивото на играчот, носи личен суд и прави се за крајното решение да биде максимално логично. Грановскаја и Петр Чех исто имаат право на глас, но се вклучуваат малку подоцна. А Лампард треба да стави точка да ли играчот му треба или не.
Ако одлуката на овие четворица е клубот да почне преговори за засилување, тоа е територија на Чех. Него подобро му оди од Грановскаја која што ја презеде палката за преговори по заминувањето на Еменало.
Самата појава на Чех, висок два и нешто метри, неговиот интелект и страшно богата кариера која го прави авторитет, лесно успева да ги „купи“ играчите со кои Челси преговара. Петр притоа зборува на 5 јазици: англиски, француски, германски, шпански и чешки).
Кога играчот веќе е убеден, тогаш настапува Марина Грановскаја (десна рака на газда Роман). „Железната лејди“ одговара за правно-финансиски детали, договара за плата и сумите на трансферот ги решава буквално преку телефон. Марина претходно ги спрема клучните детали и го води разговорот така што другата страна нема избор. Таа има идеална репутација во фудбалскиот бизнис: нула емоции, тврдост и ладнокрвност.
„Јас имав три или четири зделки со Марина и таа секогаш го водеше муабетот. Секогаш зборува директно, професионално и никогаш не те прекинува. Сите останати во нашиот бизнис се однесуваат спротивно на ова“, раскажал за The Athletic анонимен агент.
Челси заврши голема работа со врвни засилувања: Хаким Зиеш од Ајакс и со шпицот Тимо Вернер од РБ Лајпциг. Лампард настојувал овие двајца да дојдат што поскоро па затоа вториов и нема да доигра во Лига на шампиони со германскиот Лајпциг.
Интересно, Тимо Вернер прво бил вљубен во помислата да игра за Ливерпул кај Јирген Клоп, ама во декември кај него слетал Чех.
Тимо тогаш ги прекинал преговорите со Челси, но од клубот знаеле дека договорот на Вернер истекува следното лето и дека ќе мора да го продаваат поскоро. Во февруари Чех пак летнал за Германија, но овојпат во друштво на „засилување“ - Лампард. Двајцата патувале сосема инкогнито.
Френк го убедил Вернер дека имаат долгорочни планови, му го објаснил неговото место во иднината на Челси и му ветил поголемо играчко време отколку во Ливерпул.
Но клучна улога во се одиграл Чех. Татко му на Тимо и чешкиот сјаен голман зборувале само на германски и се зближиле.
Љубезниот пристап на двете легенди (замислете дома на гости да ви дојдат Чех и Лампард) само повеќе го разубедиле семејството Вернер дека „Стемфорд Бриџ“ му е следна дестинација во кариерата.
Башка што во пролетта годинава Чех и Лампард постојано му пишувале на Тимо на социјалните мрежи, а Грановскаја за тоа време со помош на адвокатот Мајкл Бекер се договарала со Лајпциг.
Челси исто така го договорил и неверојатниот Хаким Зиеш. Лампард и Чех неколку пати лично се сретнале со него а после постојано се слушале по телефон.
„Со Лампард збориме неколку недели. Прво по телефон а после се допишувавме. Многу ми раскажуваше за неговата тактика, за стилот на игра, за Челси и за мојата улога. Лампард беше фантастичен играч од среден ред и можам да учам од него. Разговорот со него ми остави пријатно чувство, така што не се сомневав во трансферот“, рекол Зиеш за официјалниот тв канал на Ајакс.
****
По заминувањето на Еменало, Челси потрошил 270 милиони фунти (353 милиони вкупно со се Зиеш и Вернер). Матео Ковачич игра одлична сезона, Пулишиќ е втор стрелец на екипата, Жоржињо е стандарден заден-везен играч. Емерсон и Баркли не чинеа премногу (33 милиони за двајцата) и се сосема корисни во ротација.
Челси веруваше дека ќе успее да го задржи Куртоа но овој замина во Реал Мадрид (со 15 меча без примен гол сезонава е голман број 1 во топ 5 лигите), а Челси искешира многу пари за Кепа кој наскоро би можел да биде продаден (се спомнува голманот на ПСЖ Ареола како замена)