Челси минатиот викенд ги преживеа најбурните 24 часа од почетокот на сезоната. Прво тимот на Конте го победи дома Манчестер Јунајтед на Мурињо без Давид Луиз во составот.
За големото дерби Бразилецот остана на трибините - не се појави во екипата поради лоша форма и поради конлфикт со Конте (според Sky Spots пред мечот со Јунајтед дефанзивецот тренирал одделно од екипата поради несогласување со тренерот, а Италијанецот кажа дека се работи за „исклучително тактичко решение“).
На почетокот на неделава Челси објави за заминување од позицијата технички директор на Нигериецот Мајкл Еменало - човек кој работеше во клубот 10 години, важеше за човек од најблиска доверба на Роман Абрамович и заземаше висока улога во внатрешната хиерархија.
Рускиот милијардер побарал од Мајкл да остане, но тој настојувал: му требало одмор за да се посвети на семејството и децата. The Guardian и ESPN пишуваа дека Еменало едноставно не сакал да учествува во клупската ’Игра на Тронови’ и сериозната борба за влијание меѓу Конте и врхушката на Чеси која што ја преведуваат во конфликот „Конте против Грановскаја“, највлијателната жена во светскиот фудбал и десна рака на Абрамович.
ШТО НЕ БИДУВА НА РЕЛАЦИЈА КОНТЕ - УПРАВА?
Како да се биде тренер во таков клуб каков што е Челси кога: шампионот има 3 бода помалку минатогодишната графика во ова време, минува низ серија повреди и проблеми но не може да се каже дека Конте би бил отпуштен после две-три неуспешни средби. Антонио знаел дека сезонава ќе му биде пеколно тешка уште летово кога не се погоди со управата околу неколку прашања:
- Италијанецот бил незадоволен од нерешителноста на клубот на пазарот и отсуство на побараните засилувања (“Морам да ротирам и затоа сум должен да располагам со значителен број на фудбалери“). Неуспешните обиди да се донесат Ромелу Лукаку, Алекс Сандро и Алекс Окслејд-Чемберлен го вознемириле Конте и испровоцирале напнатост меѓу него и директорите - во структурата на Челси задолжени за трансфери се Еменало и Грановскаја.
- По СМС разделбата со Диего Коста, Конте сериозно го нарушил односот со Грановскаја. На крајот од август германски Bild пишуваше за контакт на Челси со Томас Тухел, невработен по заминувањето од Борусија Дортмунд.
- Тензијата не ја успокоиле ни конфликтот и мини-хистеријата на играчите по замените - Батшуаји со Кристал Палас и Луиз на првиот меч со Рома.
Во октомври Челси западна во серија од три меча по ред без победа (притоа прими два гола од играч кој за 5-годишен престој во Премиер лига никогаш не му даде гол на Челси, а примија три гола од клубот кој рекордно долго не постигнал погодок против премиерлигаш). Важен пресврт беше последниот успех со Вотфорд кога тргна победничка серија. Играчите тогаш изјавуваа дека се спремни да „гинат за тренерот“ и екипата се стабилизираше.
Самиот Конте ги завршува натпреварите во толпата навивачи каде го носеа емоции после постигнатите голови. Можеше да се каже дека Антонио одлично ги држи конците, но времето покажа нешто друго. Конте секогаш е емотивен и вреден (омилен збор на англиски му е work), но дали е тој силно поврзан со Лондон?
Летово што измина Конте отворено призна дека му фали сеејството а во едно септемвриско интервју за италијанска радио-станица рекол: „Несомнено е дека скоро ќе бидам дома. Носталгичен сум по Италија.“
КАКОВ ОДНОС ИМАЛ КОНТЕ СО ЕМЕНАЛО?
Како учесник во трансфер преговорите летово Еменало бил една од причините за нервозното лето на Конте.
Интересно во спортскиот центар на Челси, Кобхам, Еменало и Конте имале канцеларии една до друга но кореспондетот на ESPN, Лиам Туми, специјализиран стручњак за Челси твитна: „Еменало виде 10 менаџери за 10 години, но јас би бил претпазлив да го опишам ова како победа на Конте. Моето сфаќање е дека нивниот однос беше ок“.
КАКВА УЛОГА ОДИГРА ЕМЕНАЛО ВО ЕПОХАТА НА АБРАМОВИЧ?
Нигериецот Еменало е поранешен фудбалер на Енугу Ренџерс, Моленбек, Ајнтрахт Триер, Нотс Каунти, Сан Хозе, Леида и Макаби Тел Авив. Играше стопер и за репрезентацијата на Нигерија забележа 13 настапи. Играше и на Светското 1994’ во САД. Интересно, во Америка на Мундијалот заедно со Диего Марадона бил на допинг-тест кога на Аргентинецот му нашле траги од кокаин во крвта и доби повеќемесечна суспензија. Играчката кариера Еменало ја заврши во 2000-та, а во Челси стигна кога тренер на клубот стана Израелецот Аврам Грант во 2007-ма.
Дојде на местото од Реј Вилкинс и прво стана шеф на скаут службата па беше и помошник на треерот. Во 2011-та го назначиле за технички директор на клубот.
Кај Грант се занимавал со собирање информации за противникот. Потоа му помагал и на Анчелоти кога седна на клупата. Од 2011-та работел за привлекување нови играчи и развој на младинскиот сектор.
Интересно, со Еменало во младинската академија на Челси доаѓале неверојатни таленти и таа станала најдобра во Англија. Од огромниот извор на таленти во првиот тим блеснаа двајца новајлии во англиската репрезентација кај Гарет Саутгејт: Абрахам и Лофтус-Чик, продукти на школата на Челси.
Мајкл е еден од изумителите на моќниот европски систем на позајмици. Минатата есен тимот од Лондон на позајмица дал дури 38 играчи! Негово дете е и стоперот Кристенсен кој стана стандарден заменик на Џон Тери.
Со Еменало во клубот Челси освои три титули во Премиер лигата, Лига на шампиони и неколку Купови, но тој не беше секогаш фаворит на навивачите. Нему му се припишува влијание врз решенијата на Абрамович кој не толерира многу возбудени тренери. Од друга страна Еменало е заслужен што на „Стемфорд Бриџ“ стасаа играчи кои денес се лицето на клубот: Еден Азар, Тибо Куртоа, Сезар Аспиликуета (платен 7 милиони фунти се смета за зделка на векот), Нголо Канте, Ромелу Лукаку и Кевин Де Брујне.
ШТО ЗНАЧИ ТОА ЗА КОНТЕ?
Во сооштението на Челси се огласи и Грановскаја, десната рака на Роман: „Мајкл играше важна улога во најуспешниот период во клупската историја и тој помогна да се направи Челси каков што е денес. Сега ние ќе го реструктуираме нашиот менаџмент. Мајкл ќе биде дел од тој процес, гледаме напред“.
Иднината на Конте во клубот силно зависи од тоа кој ќе го заземе местото на Еменало. Кој ќе работи на јануарските трансфери - тие може да бидат клучни за сезоната на Челси.
Назначување „свој“ кандидат прилично би ја закрепнала позицијата на Антонио (се пишува за можна кандидатура на Андреа Пирло) но таков исход би бил рамен на чудо.
Технички директор е стратешка, одговорна улога на која се работи долги години а не половина година. Летово Антонио го наградија со зголемување на платата а договорот му трае до летото 2019-та.
Што се однесува до него самиот, тој немал проблем со Абрамович колку со Грановскаја. Друго, за Конте веќе се заинтересирани Милан и ПСЖ, а трето емотивниот и импулсивен тренер во секој момент може да ја распали состојбата на „Стемфорд Бриџ“. Сево ова го гасат резултатите кои се добри засега.