80 милиони за Хаверц, 53 милиони евра за Вернер, 50 за Чилвел итн. Челси летово потроши многу пари за трансфери во обид да се врати на шампионски трки, ама знае и како и многу да заработи.
Тоа е затоа што за главна шефица во клубот веќе шест години ја имаат Марина Грановскаја, жената од доверба на Абрамович која има руско и канадско државјанство.
Кога рускиот тајкун го нема, клубот му е во сигурно раце со Марина. Обично не зборува пред јавност, но ја има на најважните фотографии кога паѓаат зделките.
Продаде ликови како Де Брујне, Салах, Азар и уште многу други скапи ѕвезди, а се појави и кога Лампард направи кам бек на Стемфорд Бриџ, овој пат како тренер за 5,5 милиони фунти по сезона.
Велат дека многу ја бива за менаџирање на клубот и дека носи крупни одлуки. Абрамович ги има парите, но мозокот за бизнис е оваа жена која на клубот во каса му донела над половина милијарда фунти, повеќе од сите други премиерлигаши.
You got to give a lot of credit to Marina Granovskaia!!! Managed to get sales of £523 million in the last 5 seasons. At the same time win trophies, also the academy has done well. pic.twitter.com/2wEjKkfXc4
— Frank Khalid (@FrankKhalidUK) September 4, 2020