2004-та. Мурињо дојде во Челси и веднаш го назначи Тери за капитен. Оттогаш датира нивниот другарски однос.
2005-та. Тери ја прослави првата освоена титула во неговата кариера.
2005-та. Сите тројца (Лампард, Чех, Тери) беа номинирани за наградата играч на годината во Англија. Прогласен беше Џон Тери.
2006-та. Кога Петр Чех доживеа повреда од Стивен Хант, на голот застана лидерот Тери.
2008-ма. Џон Тери го промаши решавачкиот пенал во московското финале на Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед. Со сигурност најголемо разочарување во кариерата.
2010-та. Тери ја прослави третата титула во Премиер лигата, освоена со Карло Анчелоти.
2011-та. Тери на расистичка основа го вреѓаше Антон Фердинанд (брат му на Рио, лево) и ја наруши репутацијата на џентлмен во Англија.
2012-та. Тери го фаулираше од позади Алексис Санчез и доби црвен картон во легендарното полуфинале против Барселона.
2012-та. Капитенот не играше во финалето на ЛШ, но и тоа како му се израдува на највредниот трофеј, можеби повеќе од сите други.
2013-та. Во Челси дојде Рафа Бенитес и Тери ја загуби довербата и седеше на клупата.
2015-та. Следуваше враќање на Жозе Мурињо и Тери одново го крена шампионскиот пехар во Премиер лигата. Челси е актуелен шампион на Англија.
Денес тренер на Челси е Гус Хидин, а следната сезона во клубот нема да бидат ниту тој, ниту Џон Тери. По вчерашниот убедлив триумф против МК Донс, Тери најави дека ќе го напушти клубот во текот на летото и ќе игра на друго место. „Нема бајки, јас нема да ја завршам кариерата во Челси", отворено изјави Тери синоќа.