Кога би го гуглале Сенегалецот Папис Сисе, прво нешто што ќе ви излезе е неверојатниот гол против Челси кога Њукасл на гости славеше 0-2. „Тој гол е мој идентитет“, изјави подоцна Сисе за погодокот на 2 мај 2012 година.
Третите голмани тренираат регуларно со екипата и патуваат на натпреварите, иако знаат дека нема ама баш никакви шанси да застанат на голот. Тоа се случува само во ретки случаи кога тимот има криза со повредени голмани.
Во реванш мечот од Лига Купот на Англија синоќа Челси дома го победи Тотенхем 2:1 (првиот меч заврши 1:0 за Спарси). Ако некој си легнал по крајот од мечот мислејќи дека Тотенхем оди во финале поради голот на гости, се излажал.
Навивачите на многу клубови имаат анегдоти од гостувањата кои се прераскажуваат од колено на колено. Легендата вели дека едно дамнешно гостување на „Сините“ во местото Џилингем ја создало бајката за целерот за кој ден-денес се пее на „Стемфорд“.
Еден од најдобрите тренери на денешницата го паметиме како играч кој играше со рака во гипс, со пукната аркада и како човек кој правдината ја тера до крај па макар му се испречиле и илјада хулигани.
Во страшниот воен виор, оној религискиот, во Нигерија секојдневно гинеле многу христијани и муслимани меѓу кои и родителите на Виктор Мозес. Тие биле убиени кога нивниот син имал само 11 години.
Историски натпревар се одигра синоќа во англискиот ЕФЛ Трофеј Куп. На Стемфорд Бриџ пред околу 5.200 гледачи, тимот на Челси до 21 години ги победи врсниците од Оксфорд со 13:12 откако во регуларниот дел беше 1:1.
Бразилецот Давид Луиз после две години во Пари Сен Жермен се врати во Челси, па навивачите срдечно го пречекаа на Стемфорд Бриџ. Еден од нив, при првиот престој на Луиз во Челси после секој меч трчал од стадионот до хотелот со играчите само да се поздрави со него и да му каже дека одиграл добро. Откако после мечот со Лестер, после толку време повторно го видел дечкото како го довикува, Луиз му пријде и му го даде дресот.
Натаниел Чалоба после четири години и осум месеци ашкање на шест позајмици, синоќа во Купот против Лестер конечно дебитираше за Челси, клубот со кој го потпиша првиот професионален договор.
Кога имал 14 години, Џон Тери заедно со неговиот татко и дедо кои биле навивачи на Манчестер Јунајтед, разговарале со Алекс Фергусон за тој да премине кај нив, но Тери го одбрал Челси.
Во својот престој во Јувентус, Конте често со бодликав стап знаел да ги опоменува играчите кои не трчаат на тренинзите. Од Челси сака да направи компактна екипа која ќе го игра најдобриот пресинг во Европа.
Еден од потрофејните играчи во историјата на Челси бил близу одлуката да го напушти фудбалот затоа што му извадиле муабет дека е хомосексуалец и упорно го навредувале по сите стадиони во Премиер лигата.
Мирор нè носи во Нанаи ресортот во Бразил каде Жозе Мурињо решил да одмори за Нова година по клоцата која што ја доби на Стемфорд Бриџ, каде навивачите и натаму го скандираат неговото име.
Неколку пати сезонава, Жозе Мурињо одбиваше отворено да зборува за тоа од кои фудбалери не е задоволен, но пред дербито со Лестер ги откри имињата. Дали тактички за да ги размрда или поради нешто друго ќе покаже дуелот со Лестер.
Челси потврди дека планира да го зголеми капацитетот на својот стадион на 60.000 места со тоа што Стемфорд Бриџ ќе добие сосема нов изглед а за време на изградбата која треба да почне во 2017 ќе игра на Вембли.
На денешен ден пред 10 години, на мечот на кој Антонио Касано се обиде од пенал да направи Паненка а голманот му ја фати жива, високиот Никола Жигиќ постигна два гола од кои вториот ретко се гледа и уште се прераскажува.
Ѕола, Тери, Вилијан ќе останат запаметени (секој на свој начин) како фудбалери кои допринеле за неколку трофеи на Челси. Но повеќе од тоа ќе ги паметиме по тотално идентичните голови кои ги постигнаа.
На 6. мај 2009 година, норвешкиот судија Том Хенинг Овребо не досуди шест очигледни пенали за Челси во полуфиналето од Лигата на шампионите против Барселона. Играчите го напаѓаа, УЕФА го казни, а навивачи и ден денес му праќаат заканувачки мејлови дека ќе го убијат.
Најмладите играчи на клубот од Стемфорд Бриџ имаа прилика да се пробаат со нивните идоли, во затворен балон на тренинг. Петлињата играа против Фабрегас, Ширле, Ивановиќ, Рамирес, Дрогба, Куртоа и Кејхил.