Зошто Челси и Тотнем шутираа пенали без да важи правилото за гол на гости

Во реванш мечот од Лига Купот на Англија синоќа Челси дома го победи Тотенхем 2:1 (првиот меч заврши 1:0 за Спарси). Ако некој си легнал по крајот од мечот мислејќи дека Тотенхем оди во финале поради голот на гости, се излажал.

Минатото лето англиската фудбалска лига воведе нови правила - во полуфиналето на Лига Купот повеќе нема правило на гостински гол како низ децениите досега.

Претходно предноста со гол на гости важеше само во продолженијата од Лига Купот (ако екипите играле нерешено на двата меча). Сега веќе тоа не постои.

На „Стемфорд Бриџ“ така и испадна - во продолженијата вкупниот резултат беше 2:2 откако Челси зголеми на 2:1 па се прејде на пенали.

Херој на мечот беше најскапо платениот голман на светот - Кепа Аризабалага кој го одбрани ударот на Лукас Мура и ги однесе сините во финалето на Лига Купот каде за трофеј ќе се борат против Манчестер Сити.

МОЖНО ЛИ Е ТАКА БЕЗ ПРАВИЛОТО ЗА ГОЛ НА ГОСТИ?

Англиската фудбалска лига минатото лето соопшти дека новиот формат го воспоставила по одобрение на IFAB (Меѓународен совет на фудбалски асоцијации кој ги разработува и контролира правилата на игра).

Целта е - да се намали напорот за фудбалерите во преполниот календар. Никој не сака да игра по 120 минути кога има по два меча неделно.

Тоа е напишано во документот со 10 фудбалски правила: „Кога треба да се одреди победникот по нерешен меч (или нерешено по два одиграни натпревари), постојат единствени варијанти за разрешување:

- правило на гостински гол
- две продолженија по 15 минути
- серија пенали

Во многу турнири, вклучувајќи ги и Лигата на шампионите, Лига на Европа и квалификации за Светско и Европско, се применуваат комбинации од трите варијанти.

Но никој не сака да се откаже од екстра-тајмот (продолженијата) или од правилото за гостински гол. На пример, во плејофот на Копа Либертадорес (без финалето), исто не се играат продолженија туку веднаш се оди на пенали.

А во финалето (се играше со реванш), нема правило на гостински гол.

Во плејофот на англискиот Чемпионшип (кога екипите кои завршиле од 3 до 6 место се борат за место во Премиер лига) исто нема правило на гол во гости, но има продолженија.

Во Лига Купот ја оставија само варијантата - пенали. Без продолженија без правило за гол на гости.

Теоретски овие правила може да се воведат во секој турнир и IFAB нема да биде против. На крајот сама решава фудбалската федерација на дадена земја.