Во реванш мечот од Лига Купот на Англија синоќа Челси дома го победи Тотенхем 2:1 (првиот меч заврши 1:0 за Спарси). Ако некој си легнал по крајот од мечот мислејќи дека Тотенхем оди во финале поради голот на гости, се излажал.
На неодамнешната средба на тренерскиот форум во Нион, елитните тренери побарале од УЕФА да го разгледа предлогот за укинување на правилото „гол на гости“ коешто важи уште од 1965 година.