УЕФА потврдила дека ќе го разгледа барањето.
Жозе Мурињо, Арсен Венгер, Диего Симеоне, Карло Анчелоти, Масимилиано Алегри, Хулен Лопетеги, Томас Тухел, Маурицио Покетино и другите стручњаци сакаат да раскрстат со правилото од „старата школа“. Наведуваат две основни причини поради кои треба да има промени:
„Тренерите сметаат дека да се даде гол на гости не е толку тешко како што било во минатото. Мислат дека правилото треба да се разгледа и ние ќе го сториме тоа“, изјавил генералниот секретар на УЕФА, Џорџо Маркети.
Најголема критика за ова правило е фактот што ги окуражува гостинските тимови да напаѓаат повеќе а во исто време домашните да се бранат и да калкулираат со цел да не примат гол.
Реванш натпреварите некогаш во еврокуповите биле многу тешки и од 1965-та наваму само 16% од гостинските екипи победувале. Најчесто гостите не можеле да се изборат за повеќе од нерешен резултат.
Просечната ефикасност на мечевите од еврокуповите од сезоната 1962/63 до 1969/70 била 2,94 гола по натпревар. 21 сезона подоцна, од 1970 до воведувањето на групната фаза во Лига на шампиони, паѓале по 2,53 гола во просек на реваншите.
Маркети открил и дека тренерите силно сакаат да се направи единствен летен преоден рок којшто ќе биде синхронизиран, а не некаде да завршува порано а некаде подоцна.
„Тренерите се согласи дека треба да има единствен трансфер прозорец кој ќе се затвора пред да почнат првенствата. Идејата е сите да бидат еднакви“, вели Маркети.