Мурињо од џакузи слуша понуди

Мирор нè носи во Нанаи ресортот во Бразил каде Жозе Мурињо решил да одмори за Нова година по клоцата која што ја доби на Стемфорд Бриџ, каде навивачите и натаму го скандираат неговото име.

Португалецот ги оставил своите проблеми во кариерата зад себе за да ужива во сончевиот Бразил. Контроверзниот Жозе изнајмил вила за 7.500 фунти неделно во спа центарот Нанаи Ресорт во Бразил, пишува Мирор.
 
52-годишниот татко на две деца, со семејството отишол во Бразил каде ќе размислува за следниот чекор во кариерата. Жозе ќе ја прослави Новата година со сопругата Тами, со ќерката Матилде и синот Жозе Џр во местото Порто де Галињас во државата Пернамбуко во северо-источниот дел од Бразил.
 
Луксузниот ресорт има приватен базен, а еден од вработените во овој комплекс изјавил дека друштво на Мурињо ќе му прави и познатиот фудбалски агент Хорхе Мендес. Вработениот, како што пишува Мирор, видел кога еден гостин му пришол на Мурињо за да се фотографира со него, на што Португалецот се пошегувал со „Само во присуство на мојот адвокат“.
Мурињо се поврзува со трансфер во Рома и Манчестер Јунајтед, но барем засега сигурно е дека ќе ги води децата во приватниот бунгалов со поглед на море. Целиот комплекс поседувал луксузни џазкузи, гостинска веранда каде гостите може да уживаат на летниковецот, како и голем базен.
 
Во меѓувреме, локален фудбалски клуб од местото каде што е Мурињо кога дознал дека тој е во нивниот крај, му понудил посебни услови на Жозе само да стане нивен тренер. Самиот Мурињо беше најплатен тренер во Премиер лигата до отказот во Челси кој му плаќаше 10,5 милиони фунти годишно.
 
Божиќните празници Мурињо ги поминал во Дубаи, Париз и Њујорк со семејството.

30 декември 2015 - 15:44