Ќе му дадеме јадење и куче само да ни стане тренер

Најлошиот фудбалски клуб во светот го начека Мурињо како слободен тренер и му достави понуда.

Отпуштениот Мурињо од Челси доби неочекувана понуда од бразилскиот клуб Ибис кој на бразилскиот стратег му нуди две годишен договор. Но наместо пари, платата му нудат да му ја плаќаат во храна плус домашен миленик куче или мачка по негов избор.

Бразилците му ветуваат бонуси па дури и да губи со поголем број на голови. Ибис го доби прекарот „Најлош тим во светот“ по големиот број на порази во 80-те. Во периодот од 1980 до 1984 година не успеаа да победат три години и 11 месеци.

30 декември 2015 - 13:19