Откриена е дупка во веце шољите

Пред стариот добар чучавец се отвораат прекрасни перспективи и тој има историска шанса да ја победи доминантната веце шоља. Не од естететски или анатомски, туку од софтверски причини. Имено, досега никој не хакнал чучавец.

Јапонскиот производител на луксузни тоалети Ликсил ги предупреди своите клиенти дека кај нивните производи е откриена "безбедносна дупка" која може да биде искористена за "хакерски" напад, поточно мајтап.

За цена од 4.000 до 5.700 долари (во зависност од моделот и вградените опции), Jапонците продаваат веце шољи кои го максимизираат уживањето во таа камерна ситуација. Шољата е високо автоматизирана, со можност за подесување на саканата температура на даската и водата од биде млазевите, пуштање мирис, музика и ред други попатни активности (не, нема стрипче за читање).

А кога шољата е паметна, најдобро со управува со паметен телефон. Поточно апликацијата "My Satis" со која ја преземате командата над вашиот интимен Енетрпрајз па можете од телефонот да изигрувате диџеј и да се зезате со другите опции.

Но, тука е и проблемот. Апликацијата и шољата се поврзуваат преку блутут со пин фабрички впечен на 0000, што значи дека секој во ваша близина може да ја симне апликацијата и во најнезгоден момент да ве изремети со ненадејно пуштање вода, млаз или одбирање песна за која знае дека ви предизвикува запек.

Фина опција во оваа апликација е можноста за водење редовни белешки за вашиот веце учинок. Луѓето веруваат дека водењето сметка за квалитетот и квантитетот на она што го оставате зад себе може многу да ви каже за состојата во вашиот организам. 

Со мали модификација, истава опција може да се користи и како Гугл аналитикс за веб сајтот на смрадов:

 

 

 

9 август 2013 - 17:06