Како денес изгледа Торе-Андре Фло

Џокерот на Челси од крајот на минатиот век често е синоним на клубот пред ерата на Роман Абрамович.

Торе Андре Фло доаѓа од фудбалско семејство. Браќата, Јостеин Фло има 53 настапи за репрезентацијата на Норвешка и Јарл Фло има преку 150 настапи во најдобрата норвешка лига. Братучедот на Торе, Хавард запиша 26 меча за норвешката репрезентација.
 
До 24 години, високиот напаѓач пакуваше голови во татковината, за клубовите Сонгдал, Тромсе и Бран. Во 1997. година, лондонскиот Челси кој во ’90-те години достојно играше и без Абрамович, за него даде 300.000 фунти. Во првата сезона со Скандинавецот во нападот, Челси го освои Купот на Купови и Супер Купот на Европа. Следната 1998. година, Торе-Андре играше на Мундијалот во Франција каде Норвешка заедно со Бразил ја помина групата, но загуби во 1/8 финалето од Италија со 1:0.
 
Не преминот во новиот милениум, Челси стекна право да игра во Лигата на шампионите каде стигна дури до 1/4 финалето. Малкумина го паметат настапот на Фло против Барселона во Лондон во април 2000. година. Сините славеа 3:1 (Фло даде два гола), но во реваншот Каталонците го потопија Челси 5:1 и со вкупни 6-4 отидоа во следната рунда.
 
Тренерот на Челси, Џанлука Вијали редовно сакаше еден понизок по раст напаѓач покрај Фло, па до него играше Ѕола. Веќе во летото 2000-та, Челси го засили нападот со Џими Флојд Хаселбанк и Ејдур Гудјонсен, така што времето на Норвежанецот почна да истекува и тој реши да замине во Глазгов Ренџерс за неверојатни 18 милиони евра. Фло во Шкотска даваше голови по вообичаената агенда, но стана жртва на очекувањата. Навивачите на Ренџерс постојано се присетуваа на 18-те милиони евра и се надеваа дека Фло ќе биде барем малку добар како Жардел иако Фло даде 18 голови на 30 натпревари во првата сезона и 22 на 42 меча во втората.
 
Од Глазгов замина за Сандерленд, клуб кој брзо се соочи со финсиска криза и испадна во втората лига, а Фло тргна кон Сиена каде што се задржи две сезони. Семејството не сакало да се пресели во Тоскана, по што Фло морал назад во Англија каде му се придружи на Лидс. До крајот играше уште за Сонгдал и Валеренга во татковината каде ја заврши кариерата во 2012-та.
 
Во 2010-та, Фло во Норвешка основал сопствена фудбалска академија во која играат деца од 5 до 17 години. Самиот Торе-Андре подоцна учеше за тренерска лиценца и паралелно со академијата работи и во академијата на Челси. 

Сите 50 голови на Норвежанецот за Челси:

5 јануари 2016 - 12:43