Тешката биографија на Виктор Мозес

Бил бегалец, му ги убиле родителите, а сега е меѓу најдобрите играчи во Премиер

Во страшниот воен виор, оној религискиот, во Нигерија секојдневно гинеле многу христијани и муслимани меѓу кои и родителите на Виктор Мозес. Тие биле убиени кога нивниот син имал само 11 години.

На стартот на минатата недела, Антонио Конте призна дека летово, на првиот ден од предсезоната го препознал потенцијалот на Виктор Мозес. „Во него има одлична техника, физички е јак, а на теренот е способен да покрива растојание од 70 метри. Зачудувачки е што толку го потценувале“, изјави за Gazzetta dello Sport човекот кој го препороди Челси.

Мозес во тренинг центарот Кобхем првпат се паркирал во август 2012-та, но за четири години заиграл на 30-ина натпревари и дал само 4 гола. Мозес беше во втор план кај тогашниот тренер Роберто Ди Матео кој го формираше напаѓачкото трио "Mazacar" (Мата, Азар, Оскар).

Во дебитантската сезона на „Стемфорд Бриџ“ не доби многу простор, па го позајмија во Ливерпул каде постигна ефектен гол на првиот меч и го истисна од тимот Рахим Стерлинг. Потоа „Сините“ го позајмија во Стоук (скромна сезона со 3 гола и 4 асистенции на 19 меча во Премиер), а на крајот во Вест Хем (1 гол и 4 асистенции на 21 меч: Билиќ не ја искористи опцијата да го откупи неговиот договор).

Меѓу настапите за Стоук и Вест Хем Мозес имаше еден бесмислен месец на „Стемфорд Бриџ“. Се појави на мечот во кој Челси загуби од Арсенал во Community Shield и одигра еден час против Свонси.

А потоа дојде Антонио Конте.

Во второто полувреме од мечот со Арсенал, Италијанецот првпат го прекомандува Челси во формација со тројца стопери, а на следниот меч од Премиер лигата против Хал, Челси заигра од почеток во овој модул. Мозес заигра од првата минута како офанзивен десен бек.

До крајот на ноември Челси на 7 меча оствари 7 победи, со 19 дадени голови и само 1 примен. Мозес ги започна од старт сите овие натпревари и постигна три гола од кои и победничкиот во дербито против Тотехнем.

Во меѓувреме за Нигерија даде два гола против Алжир. Со други зборови: Мозес се препороди.

„Јас уживам во новата улога. Никогаш не сум играл крилен бек и сега активно ги следам советите на тренерот. Освен тоа зад мене игра Сезар Аспиликуета кој постојано ми зборува и ми помага правилно да се позиционирам“, вели Нигериецот кој го даде голот против Тотнем на асистенција на Азар.

 

Движењето на Маркос Алонсо (лево) и Виктор Мозес (десно)

Новата улога му дозволи на Мозес да ги покаже сите свои предности: брзина, техника и одлична физичка форма. Нигериецот редовно оди напред: му дава ширина на позициониот напад или трча во брза контра. Виктор има 2,7% прецизни шута по меч (трет во тимот после Азар и Вилиан), додава со точност од 80% и прецизно шутира 70% што е највисок процент меѓу играчите на Челси.

Во одбраната Мозес е исто дисциплиниран како и во нападот, неговата статистика покажува 1,8 украдени топки по натпревар, 1,4 добиени дуели и 2,3 лизгачки старта за 90 минути.

Нигериецот сезонава е подобар по сите показатели од другите вингер-бекови како Алекс Сандро и Дани Алвес, но треба да се знае дека неговите недостатоци одлично ги маскираат фанатачините борци Канте, Матиќ и Аспиликуета. Второ, Виктор Мозес игра кратко на оваа позиција, така што е бесмислено да се споредува со веќе искусните играчи во оваа улога.

Уште една од причините поради кои треба со голем респект да се следи Виктор Мозес е неговата неверојатна и трагична биографија. Виктор е роден во Лагос (Нигерија) во 1990. година. Лагос е најгусто населениот град во оваа африканска земја, но Мозес ги загубил родителите на 11 години.

На почетокот на новиот милениум, во Нигерија започна крвав конфликт, немири и разни ужаси на верска основа. Земјата тогаш се подели на два табори: христијански и муслимански. Татко му на Мојзес, Остин бил свештеник во христијанска црква а мајка му Жозефина му помагала на сопругот.

Во детството, Виткор често играл фудбал со другарите на улица и мечтаел за преселба во Европа. Една вечер кога мајка му Жозефина и татко му Остин ги убиле во сопствениот дом, Виткор се вратил дома и го видел ужасот. Една недела живеел по другари, не кај чичко му, за убијците да не го најдат и него.

По извесно време дошло време да се поздрави со сите: Мозес добил политички азил во Велика Британија, а во Лондон го чекало старателско (хранителско) семејство. И секако, го чекал фудбалот.

Скаутите на Кристал Палас го забележале буквално во еден парк. Виктор одел во школото „Витгифт“ во Кројдон, недалеку од стадионот на Кристал Палас, „Селхерст Парк“. Како резултат на тоа, во рок од неколку години целото школо читало за него на страниците на The Guardian: „14-годишно бегалче стана школски фудбалски херој“.

Мозес го внел тимот на Витгифт У-14 во финалето на јуниорскиот Куп на Англија, а таму тимот во црвени дресови го прегазил Гримзби со 5-0: Сите пет гола ги дал Мозес. The Grimsby Evening Telegraph излегол со наслов: „Господе, Мојсеј! Чудото од играч го пресуши црвеното море“. 

Во академијата на „Кристал Палас“ чудото од играч правел чуда: За една сезона со младинците постигнал 50 голови од кои 10 на првиот меч. На 16 години дебитирал за сениорите а една година подоцна го викнале за јуниорската репрезентација на Англија (Нигерија ја одбрал многу подоцна).

Виктор Мозес доби „Златна копачка“ на Европското првенство за играчи до 17 години. 

После повеќе од пет години сам излегува од автомобилот во тренинг центарот на Челси „Кобхем“. Во 2012-та година дал интервју во кое му се заблагодарува на Бог што му го исполнил сонот од детството: „Ако те купи клуб како Челси, ти знаеш дека порано или подоцна ќе ти дадат шанса. И кога ќе ја добијам шансата, ќе ја искористам“.

Кој знаел дека мораше да ја чека толку долго...