Во страшниот воен виор, оној религискиот, во Нигерија секојдневно гинеле многу христијани и муслимани меѓу кои и родителите на Виктор Мозес. Тие биле убиени кога нивниот син имал само 11 години.
Помошниот тренер во Баерн Минхен, Пол Клемент го забележал слободниот уметник со топка Фабијан Дуро на улиците во Минхен и го поканил да дојде на тренинг на Баварците. А таму, Робен, Левандовски, Нојер и другите се држеа за глава.
За младиот Осман Мане, дете на бегалци од Гамбија кое одлично игра фудбал пишувавме лани. Викендов Осман (19) го постигна победничкиот гол за Бремен против Баер Леверкузен. „Дали е ова реално. Мислам дека сонувам. Не можам да ја опишам радоста“, изјави Мане веднаш по мечот со Баер.
Да не даде Бог, еден ден да треба со жив мртовец да зборувате. Во очите да не даде Бог смртта едвај заобиколена да ја видите. Севишниот да ве чува од приказни како некој близок се чека на јаже да го гледа публика. Да не даде Бог предвреме да умирате без пенкало од кое тече животен сируп инсулин наречен. Уште помалку да помислувате како да спасите некој кој чека во смрт да биде вратен порано или подоцна.