За младиот Осман Мане, дете на бегалци од Гамбија кое одлично игра фудбал пишувавме лани. Викендов Осман (19) го постигна победничкиот гол за Бремен против Баер Леверкузен. „Дали е ова реално. Мислам дека сонувам. Не можам да ја опишам радоста“, изјави Мане веднаш по мечот со Баер.