Бразилецот Давид Луиз после две години во Пари Сен Жермен се врати во Челси, па навивачите срдечно го пречекаа на Стемфорд Бриџ. Еден од нив, при првиот престој на Луиз во Челси после секој меч трчал од стадионот до хотелот со играчите само да се поздрави со него и да му каже дека одиграл добро. Откако после мечот со Лестер, после толку време повторно го видел дечкото како го довикува, Луиз му пријде и му го даде дресот.