Поминаа 8 години а Стемфорд Бриџ уште не видел таков гол

Кога би го гуглале Сенегалецот Папис Сисе, прво нешто што ќе ви излезе е неверојатниот гол против Челси кога Њукасл на гости славеше 0-2. „Тој гол е мој идентитет“, изјави подоцна Сисе за погодокот на 2 мај 2012 година.

Сисе има 34 години а во кариерата играше за Дуан Дакар, Мец, Шебур, Шатеру, Фрајбург, Њукасл, Шандонг Луненг и сега е во турска Аланијаспор.

2 мај 2020 - 14:54