"Белците беа во пештери кога ние градевме империи... Ние предававме и учевме филозофија, математика и астрологија (?) многу пред Сократ и тие грчки хомичи да припарат до тие науки".
Ова во тв интервју го има кажано пречесниот Ал Шарптон, свештеник, граѓански активист и ценет советник во досегашната постава на Белата куќа. Неговите погледи отсликуваат еден растечки тренд за репозиционирање на црнците и нивната култура во историјата на човечката цивилизација.
Разбирлива е потребата за наплаќање на старите долгови но тие ставови во суштина остануваат само расистички. А кога таа потреба е придружена - како што тоа обично бива - со грандоманија, тоа најчесто завршува во бурлеска, како што гледаме и со народите во овој дел од светот (Македонците се најстар и најважен народ, Бугарите исто така, Србите исто така, Грците исто така...)
Основната линија на црнечкото ребрендирање и нивната „ренесанса“ е дека грчките педери го покрале египетското знаење а Египќаните, нели, биле црни ко Иди Амин.
Тоа што Аристотел, учителот на Александар, не можел да дрпа знаење од египетските ризници бидејќи бааги не штима тајмингот (да дрпа од запалената библиотека именувана по неговиот ученик?), не пречи, како што фактите не пречат и во други конструкции од ваков калибар.
Според сенегалскиот академик Анта Диоп кој во американската афро заедница ужива култен статус, Африканците измислиле практично сè битно на оваа планета: од јудаизам, инженерство, астрономија па сè до дијалектичкиот материјализам.
И ќе беше сето ова само забавно митологизирање и карикатурална но неважна манифестација на потребата од самоспознавање и подигнување на бренд авернесот, ама, таквите погледи веќе влегле и во учебници.
Во некои од нив се тврди дека старите Египќаните (=денешните црнци во САД) ја познавале теоријата на еволуцијата, ја имале пресметано точната оддалеченост од Сонцето, летале со позлатени летала на електричен погон, Исак Њутн ги здрпил неговите закони од некој муслиман а црнец бил и Пушкин.