Вселенски брод од Стемфорд Бриџ

Челси потврди дека планира да го зголеми капацитетот на својот стадион на 60.000 места со тоа што Стемфорд Бриџ ќе добие сосема нов изглед а за време на изградбата која треба да почне во 2017 ќе игра на Вембли.

Челси планира да аплицира за потребната дозвола за реновирање на фудбалскиот храм Стемфорд Бриџ. Целосното реновирање ќе чини 600 милиони фунти и би требало да биде готово до 2020. година кога Челси ќе игра пред речиси нов стадион.
 
Денес раководните луѓе од клубот поднеле околу 160 документи меѓу кои и фотографии од тоа како би требало да изгледа стадионот по ново. До сезоната 2020/2021 кога Сините би требало да имаат сосема реновиран луксузен стадион, Сините планираат да играат на најголемиот англиски стадион Вембли.
 
Проблем на фудбалските власти би можело да им направи и барањето на Тотенхем да игра домашни средби на Вембли, затоа што Спарси веќе градат нов стадион. 

Актуелниот шампион во Премиер лигата побара дозвола за реновирање на Стемфорд Бриџ

Челси ќе треба три години да игра надвор од Стемфорд Бриџ додека трае реновирањето

Градскиот ривал на Челси, Тотенхем исто сака да игра на Вембли

Абрамович е спремен да издвои 600 милиони фунти за спектакуларен стадион