Пред шест години, Челси имаше прилика да се пласира во финалето на ЛШ и да му се одмазди на Манчестер Јунајтед за поразот во Москва една година претходно. Во тоа ги спречи ќелавиот норвешки судија Овребо, кој се пензионираше пред две години.
Сините тогаш беа во добра позиција, имаа 0-0 од првиот меч на Ноу Камп. На реваншот на Стемфорд Бриџ поведоа во 9. минута со неверојатниот гол на Микаел Есиен, напаѓаа за втор погодогок и имаа шанси какви што прави Барселона по обичај.
Страшниот гол на Есиен за 1-0:
Кога сè беше спремно за продолженија, студен туш во Лондон. Андрес Иниеста со ефектен гол во третата минута од судиското продолжение ја одведе Барселона во финалето на ЛШ. Од тој момент, Норвежанецот израсна во најголемиот негативец во европскиот фудбал затоа што направи неколку кардинални грешки на штета на Челси, а подоцна доби суспензија од УЕФА.
Евроголот на Иниеста во 93-та и легендарниот Драго Чосиќ на ХРТ:
„Ограбени сме. Ова не сум го доживеал во целата кариера“, грмеше Гус Хидинк, тогашниот тренер на Челси.
Сите спорни ситуации на мечот Челси - Барса од 2009-та година:
1. Дани Алвес го влечеше Малуда и го турна на земја (Норвежанецот го виде фаулот надвор од 16 метри).
2. Абидал комотно го влечеше Дрогба за дрес.
3. Јаја Туре со лизгачки старт го сруши колегата од репрезентацијата.
4. Сегашниот играч за врска на Сити го сопна Анелка.
5. Пике со рака ја носеше топката во шеснаесетникот.
6. Кулминацијата беше во 95-та минута од продолжението, кога после израмнувањето на Барселона, Самуел Ето очигледно со рака го одби шутот на Михаел Балак кој бурно протестираше кај Овребо.
Видео од грешките:
Реакцијата на бесниот Дрогба:
И сега веќе култната реакција на Балак:
Домот на Овребо во Норвешка и денес го чува полиција: