Челси во 2020-та година ќе почне со изградба на новиот „Стемфорд Бриџ“ којшто Абрамович планира да го гради со помош на кинески инвеститори. Клупската управа менуваше неколку локации, сакаше да го префрли клубот и од другата страна на Темза, но на крајот се реши да гради нов мегаломански стадион на местото на денешниот легендарен стадион каде игра Челси.
Според предвиденото, „Сините“ нема да заиграат на новиот стадион пред 2024-та.
Трибините на „Стемфорд Бриџ“ ќе собираат 60.000 гледачи (денес собира околу 40.000 што е малку за фудбалски Лондон). Но интересно е да се види како уште 20.000 луѓе ќе се снајдат со најнеобичната забрана во светот на фудбалот: на домашните мечеви на Челси забрането е да се внесува целер.
Звучи чудно, но вистинито е: нема да ве пуштат на „Стемфорд Бриџ“ ако во џеб ви најдат парче целер. А што е уште полошо, ако ве фатат дека фрлате целер на терен - не ви бега долга забрана за влез.
Кутриот целер што ли згрешил толку да е крив? Тоа е долга историја.
Во февруари 2007-ма година Челси го победи Арсенал во финалето на Лига Купот. Тој меч играчите на Венгер го паметат како панаѓур: Од трибините летаа зеленчуци. Судијата неколку пати го прекинуваше мечот за персоналот на стадионот „Милениум“ во Кардиф (тогаш „Вембли“ се реновираше па големите финалиња се играа на „Милениум“) да го исчистат теренот.
Најдобра илустрација за тоа стана фотографијата на нервозниот Сеск Фабрегас кој во рака држеше корен целер. Просто надреално.
А уште во 2002 година на бомбардирање со целер се жалел и судијата на мечот од ФА Купот Челси - Фулам кога биле приведени 5 луѓе. Тогаш клубот на официјалниот сајт објавил дека забранува внесување на скромниот претставник на штитоцветното семејство. Имало и предупредување: „Ако фрлате какви било предмети за време на мечот, вклучувајќи го и целерот - тоа е кривично дело за кое може да бидете приведен а подоцна и осуден“.
Така навивачите на Челси биле лишени од долгата традиција која трае од ’80-те години и песната Ask Old Brown To Tea на лондонското дуо Chas & Dave. Зборовите од оригиналот на оваа песна се непристојни (Ask old Brown for tea and all the family, if he don’t come, we’ll tickle his bum
with a lump of celery) се пејат мошне често на „Стемфорд Бриџ“ во различни верзии. А клубот веќе 10 години има отворена линија за пријавување ако видите некој со целер како влегува на стадион.
Не можат дома, но навивачите на Челси носат на гости корен од целер па кој клуб не им изрекол забрана за внесување на ова скромно коренче и не „напишал домашно“, „ќе го крка стапот“.
Еднаш владата на Велика Британија ги информирала пред да тргнат на гостувањето против Спарта Прага дека не смеат да носат пијалаци, флаши, чаши, тешки предмети и целер.
Од вокално-музичка основа се е јасно, но името на херојот кој прв решил да пее за целерот е непознато. Најсмешната легенда вели дека за се е виновен провинцискиот клуб Џилингем: ливадите и нивите околу неговиот стадион биле преполни со целер така што гостинските навивачи кои допатувале сфатиле каква можност им се пружа (во друга варијанта на легендата, целерот прво го откриле селските деца од Џилинџем кои береле и фрлале).
Во 2015-та година во западен Лондон се одржуваше шампионската парада на Челси. На почеток навивачите со целер го гаѓале репортерот на Sky Sports. А потоа навивачите фрлале по своите играчи. Цел автобус бил преполн со целер. А играчите меѓу кои Дидие Дрогба и Диего Коста не се мислеа два пати дали да вратат со целер:
Целата традиција му се допаднала дури и на самиот Фабрегас, култниот лик со целерот од времето кога играше за Арсенал а денес за Челси: „Се навикнав на тоа. Тогаш во време на финалето Челси - Арсенал не сфаќав што се случува. Ама сега ми објаснија сè“.
За жал по доаѓањето на Фабрегас на „Стемфорд Бриџ“ има сè помалку од овој витамин.