Малиот Џон Тери, седнат до Сер Алекс Фергусон за време на обидот на Шкотланѓанецот да го доведе идниот капитен на Англија на Олд Трафорд. Ова е фотографија која што ќе ги потсети навивачите на Јунајтед кој можел да игра за нив.
Покрај Тери и Фергусон, на фотографијата се уште и мајка му Сју и татко му Тед. Фотографијата е направена пред сезоната 1994-1995 кога Јунајтед тргнал по одбрана на двојната круна а „Алекс од Глазгов“ почнал да ја гради новата генерација.
Во тоа време Џон играл во средниот ред, а Ферги го повикал момчето родено во Беркинг да дојде на состанок со татко му и да тренира во Манчестер за време на летниот распуст. Обидот бил неуспешен и Тери го одбрал Челси со кој освои четири титули во Премиер лигата, пет ФА Купа, три Лига Купа, Лига на шампиони и забележа 78 настапи за Англија.
Капитенот на Челси на Инстаграм ја објави интересната фотографија а во едно постаро интервју за The Observer во 2006. година ја раскажа епизодата.
„Растев како навивач на Манчестер Јунајтед. Знаете како е кога си мал, навивач обично за тимот кој освојува се. И дедо ми и татко ми беа навивачи на Манчестер Јунајтед. Но на мојот прв ден во Челси сфатив дека тоа е клубот во кој сакам да бидам. Едноставно се вљубив. Но Јунајтед исто ме бараше. Се сретнав со Алекс Фергусон. За време на летниот распуст можев да одам таму и да тренирам со нивните академци две недели, да играм некој натпревар и да се вратам дома“, се сеќава легендарниот стопер на Челси.
Во вторникот тој разбуди права носталгија кај навивачите на „Црвените ѓаволи“.
„Отидовме јас, мајка ми, татко ми и брат ми. Фергусон направи да се чуствувам посебно, со автограм и заедничка фотографија со трофејот од Премиер лигата. На татко ми му беше тешко да се помири со тоа што одам во Челси, така што морав да го седнам и да му објаснам дека тоа е единствена одлука. Кој би помислил дека ќе освојам 4 титули првак и 5 ФА Купа“, додаде Тери за спомените со Фергусон.
И покрај тоа што на теренот беа големи ривали, некогашниот капитен на Гордиот албион вели дека Фергусон е легендарен тренер.
„Многу го почитувам Сер Алекс и никогаш нема да заборавам што направи за мене и за мојата фамилија“.
Откако се најде во првиот тим на Сините на 20 години, стоперот стана икона на клубот со повеќе од 700 настапи.