
На мечот се изведоа дури 34 пенали со што се сруши досегашниот единствен рекорд од 32 изведени пенали од август месец годинава меѓу Дерби Каунти и Карлајл Јунајтед.
Јунак на мечот синоќа беше Бредли Колинс, голманот на Челси кој одбрани 4 единаестерци, иако подоцна промаши од белата точка.
Трагичар на епскиот дуел беше Вес Томас од Оксфорд Јунајтед кој го промаши одлучувачкиот 34-ти удар од 11 метри. За „Сините“ синоќа играа и неколку привремени првотимци меѓу кои најпознати беа Марко Ван Хинкел и Курт Зума кои како рековалесценти излегоа од повредите и се враќаат во форма за да конкурираат за тимот на Конте.
Рекордните 34 пенали: