Абрамович прави брзи потези, менува тренери и со огромни суми на пари сака да стигне до големи успеси. Реал Мадрид го прави истото и вложува во скапи проекти кои не се гаранција за освојување на трофеи. Овие екипи никогаш не создаваат клуб по теркот на еден Ајакс или Барселона.
На Челси му е потребен еден вид на режим кој Маурисио Покетино го има инсталирано во Тотенхем, а не постојано да ги менува тренерите..
Победникот на Премиер лигата минатата година, освојувачот на единствената титула во Лигата на шампионите и освојувачот на последната Европска титула не успеаа да останат тренери на Челси до крајот на годината.
Ако Челси е збир на индивидуи и стилови, повеќе отколку тим тогаш чија е вината? Зошто квалитети како Азард и Коста не се постават како примери од кои треба да учат во младинскиот погон?
Последните 11 засилувања на Челзи се: Асмир Беговиќ, Рахман Баба, Педро, Ел Хаџи Папи, Мајкл Хектор, Марко Амелија, Мет Миаза, Кенеди, Радамел Фалкао, Алехандро Пато и Данило Пантиќ.
Клубот се соочи со сериозен бунт во соблекувалната по кој Мурињо доби отказ и не произведува професионалци како Лампард и Чех. Челси за 13 години под водство на моќниот газда не создаде филозофија на игра и начин на кој ќе гради тим.
Абрамович направи 12 тренерски смени, а Антонио Конте е 10-то име под негово водство. Се обиде со двајца Португалци, Израелец, Бразилец, Холанѓанец, Шпанец, а Конте е четврти италијански стратег.
Краткиот престој и успесите на сите тренери откако Русинот е газда:
КЛАУДИО РАНИЕРИ (2003 – 2004)
Победи: 61 %
Пласман: 2 место во Премиер лига и полуфинале во ЛШ
Трофеи: /
ЖОЗЕ МУРИЊО (2004 – 2007)
Победи: 66,5 %
Пласман: два пати 1 место и еднаш 2-ро.
Трофеи: Премиер лига (2), Лига Куп (2) и ФА Куп
АВРАМ ГРАНТ (2007 – 2008)
Победи: 66,7 %
Пласман: 2 место во Премиер лига и прво финале во ЛШ
Трофеи: /
ЛУИС ФЕЛИПЕ СКОЛАРИ (2008 – 2009)
Победи: 55,6 %
Пласман: 4 место во Премиер лига
Трофеи: /
ГУС ХИДИНК (2009)
Победи: 72,7 %
Пласман: 3 место во Премиер лига и финале во ЛШ
Трофеи: ФА Куп
КАРЛО АНЧЕЛОТИ (2009 - 2011)
Победи: 61,5 %
Пласман: 1 место во Премиер лига
Трофеи: Премиер лига и ФА Куп
АНДРЕ ВИЛАШ БОАШ (2011 - 2012)
Победи: 47,5 %
Пласман: Отказ во месец март додека Челси не беше во топ 4 на табела
Трофеи: /
РОБЕРТО ДИ МАТЕО (2012)
Победи: 54,4 %
Пласман: 6 место во Премиер лига
Трофеи: Лига на шампиони и ФА Куп
РАФА БЕНИТЕЗ (2012 - 2013)
Победи: 58,3 %
Пласман: 3 место во Премиер лига
Трофеи: Лига Европа
ЖОЗЕ МУРИЊО (2013 - 2015)
Победи: 57,3 %
Пласман: 1 место во Премиер лига и следната сезона отказ во декември кога клубот беше на бод до испаѓање
Трофеи: Премиер лига и Лига Куп
ГУС ХИДИНК (2015 - 2016)
Победи: 45 %
Пласман: 14 меча без пораз и избегнување од зоната за испаѓање
Трофеи: /