Од советски војник до милијардер газда на фудбалски клуб

На нет се врти една мошне интересна колоризирана фотографија, веројатно од средината на '80-те години од минатиот век. На неа е човекот синоним за богатство и газдинство.

Европскиот фудбал доживеа голема трансформација последните години. Еден од протагонистите на таа драстична промена во фудбалот е и човекот од сликава.

Веројатно некои веќе го препознаа - газдата на премиерлигашот Челси, Роман Абрамович (24. октомври 1966, Саратов, Русија), милијардер кој го купи Челси во 2003-та и од него направи трофеен гигант.

Меѓу стотици ѕвезди кои играа на „Стемфорд Бриџ“ за Челси под Абрамович беа Макелеле, Верон, Џон Тери, Дрогба, Фернандо Торес, Шевченко, Лампард и др.

Но потеклото на Абрамович е многу идентично како на кое било друго лице во Русија во епоха на '60-те и '70-те години. Роман како млад служел во Советската армија, а своето богатство го стекнува години подоцна. Според Форбс, неговото богатство го става магнатот меѓу Топ 10 најбогати луѓе на светот.

НА АБРАМОВИЧ МУ ПРАВАТ НОВА ЈАХТА, 145 МЕТРИ ДОЛГА, 430 МИЛИОНИ СКАПА

 

15 март 2021 - 13:46