Но во летото 1996-та екипата ја презема Руд Гулит кој со него во Лондон ги донесе Џанлука Виали, Роберто Ди Матео, Џанфранко Ѕола, Франк Лебеф и многу други.
Набрзо го освоија ФА Купот и тоа беше прв трофеј за „сините“ после цели 26 години.
Во зимата 1998-ма преговорите за нов договор со Холанѓанецот отишле во ќорсокак и него го сменија со Џанлука Виали кој стана играч-тренер.
Италијенцот направи чудо: Освоија Куп на Купови, Супер Куп на УЕФА, Лига Куп, ФА Куп, Супер Куп на Англија. Сево ова Челси го освои за 2 ипол сезони.
Лидер на тој симпатичен Челси кој ги освои сите љубители на фудбалот беше Џанфранко Ѕола. Италијанецот на 30 години замина од Италија каде беше една од поголемите ѕвезди во Серија А и веднаш стана идол на „Стемфорд Бриџ“.
Во 1996-та година Премиер лига беше мошне конзервативна лига и немаше многу фудбалери кои играат крилни напаѓачи, кои центрираат, асистираат, даваат голови со пета, дриблаат итн.
Вкупно за Челси Ѕола одигра 311 меча и даде 80 гола. Во последната сезона за клубот Ѕола наполни 36 години и на таа возраст постигна 16 погодоци и го истурка Челси до 4. место и квалификации за Лига на шампиони.
Харизматичниот Ѕола кој имаше прекар Magic Box, реши да се врати во родната Сардинија и во летото 2003-та потпиша договор со матичниот Каљари.
А буквално после една недела Челси доби нов газда: клубот го купи рускиот магнат Роман Абрамович.
Олигархот бил шокиран кога пред завршување на зделката дознал дека екипата ја напуштил симболот Ѕола. Со цел да го убеди специјално отпатувал на Сардинија и на Каљари му понудил да го откупи назад Ѕола. Но Италијанците одбиле иако само неколку дена претходно бесплатно го добиле Џанфранко и можеле да заработат.
Според легендата, Абрамович не можел да се помири дека нема да го гледа Ѕола во своето ново милениче па го прашал претседателот на Каљари колку чини целиот клуб да го купи за да може да го врати Ѕола назад во Лондон.
После оваа непристојна понуда, пријателски се разделиле.
Џанфранко пак заигра во Италија, му помогна на Каљари да се врати во Серија А и во својата проштална сезона даде 13 гола.
Последниот погодок во кариерата го постигна против Јувентус во последното коло, и тоа еврогол на „Деле Алпи“. На само неколку дена пред неговиот 39-ти роденден.
Така заврши кариерата на легендариот Ѕола кој освои шампионско скудето со Наполи, освои трофеи во Еврокуп со Челси и Парма, се радуваше на многу голови.
Дури и митот со понудата на Абрамович да е само преувеличена легенда, оваа бајка само ја потврдува уникалноста на Џанфранко Ѕола.