Сигурно дека беше непријатен утринскиот повик на Стемфорд Бриџ со веста дека Роман Абрамович, сега се смета за толку токсичен што владата му удри санкции по 19 години, во кои беше прогласен за добротвор на Челси.
За Велика Британија, Премиер лигата, фудбалот, за сите нас, би се чувствувале малку подобро ако можеме да кажеме дека ова е страшен шок, дека никој не знаел доволно за Абрамович сите овие години.
Но за жал, тој вид на уверување би бил само повеќе заблуда, а времињата во кои се наоѓаме сигурно бараат малку директно зборување.
Се разбира, беше зачудувачки да се види дека владата ги замрзнува средствата на Абрамович, соборувајќи го неговото и самозадоволството на Челси со еден строго напишан пасус што ја осудува неговата блискост со Владимир Путин.
Судската постапка на која се повикува Министерството за внатрешни работи, во документот што Крис Брајант го прочита со толку драматичен ефект во заедницата пред две недели, се одржа во 2012 година. До 2019 година, по труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал во владата го зазеде ставот:
„Абрамович останува од интерес поради врските со руската држава и неговото јавно поврзување со коруптивни активности и практики… Пример за ова е неговото признавањето на суд за постапка што ја платил за политичко влијание“.
Во судската пресуда беше наведена и политичката заштита која ја имал тој од неговиот поранешен партнер олигарх, Борис Березовски. „Инхерентно корумпиран и дека исто така, договорот помеѓу двајцта, при што Абрамович се согласил да му плати на Березовски за неговите услуги за заштита, исто така беа корумпирани“.
Во пресудата, исто така се истакнува дека Абрамович имал многу добри односи со Путин, вклучително и привилегиран пристап до рускиот претседател.
Како се заработени парите беше познато и добро соопштено во 2003 година кога Абрамович го купи Челзи, а успесите на клубот беа финансирани со неговите пари. Играчите беа купувани во бранови како никогаш досега, а тој ги финансираше трансферите и платите што клубот не можеше да ги плати. На таков начин ја купи Премиер лигата, Лигата на шампионите и само неколку дена пред Путин да ја нападне Украина, Светското клупско првенство.
Постоеше намерна несвесност за познатите факти како стана олигарх и тој продолжи да го зацементира своето присуство и супер клупскиот статус на Челси, додека фудбалот се приспособи на неговите мега трошења.
Откако сето тоа беше изложено во 2012-та, неговите претставници рекоа дека Глостер не ја разбрала нејзината проценка сосема точно. Го омаловажија односот на Абрамович со Путин, укажувајќи на докази дека тој не бил во неговиот најтесен круг.
Неодамна, почна дури и да излегува на теренот за да слави трофеј. За оние на кои им беше гајле, беше болно да се види Цезар Аспиликуета, модерен професионалец со својата работна етика и капитенската лента, како го води својот газда во центарот на сцената со трофејот во Лигата на шампионите на финалето минатата сезона. Глобално емитуваните слики на Абрамович, со неговата широка, триумфална насмевка и рацете ставени на најголемата фудбалска награда, не изгледаа убаво за фудбалот, Британија или за Европа.
На крај владата го проби целиот меур, наведувајќи во своите причини за санкциите дека Абрамович е про-Кремљ олигарх кој има блиски односи со децении со Путин и има „преференцијален третман и отстапки од Путин и владата на Русија“ вклучувајќи ги и договорите во пресрет на Светското првенство во 2018 година. Неговата компанија може да испорача челик на руската војска, кој би можел да се користи за производство на тенкови и може да обезбеди пари, стоки или технологија која би можела да придонесе за дестабилизација на Украина.
Постои јасен предизвик за англискиот фудбал, кој е важен дури и во овој застрашувачки контекст, дека гламурот и легитимитетот што ги дава, се посакувани од сите видови режими и луѓе со пари. Тој мора да се запраша дали прави доволно за да се осигура дека неговиот неодолив спорт и обожуваните клубови се сила за добро во светот, затоа што откако беше заробен од пари, неговите правила беа изложени како смешно несоодветни.
Абрамович стана милијардер на „дивиот исток“ на рускиот посткомунизам, кој не беше регулиран законски. Речиси две децении, му беше дозволено да ја игра играта, да ја преплави со своите пари и да ги бара нејзините најголеми награди, а сето тоа конечно заврши поради вистинска војна.