Русинката Мира Андреева е шампионка на Ролан Гарос во Париз

Младата Русинка Мира Андреева лесно и без многу голем напор ја совлада полската сензација Маја Хвалињска која од 114 место и квалификациите стигна дури до големото финале. На Ролан Гарос победа на Андреева 6:4, 6:2.

Натпреварот во финалето траеше еден час и 23 минути. Од петтиот гем во првиот сет на теренот играше само сјајната Мира Андреева која заслужено стигна до шампионскиот пехар.

Хвалињска поведе 3-2 во еден момент од првиот сет а од тогаш следуваа дури девет освоени гемови по ред од Русинката.

Мира Андреева со апсолутна доминација стигна до трофејот, нејзин прв од Гренд Слемовите.

Младата 19-годишна Русинка од Краснојарск стана најмладата шампионка на Ролан Гарос уште од 1992 и Моника Селеш.

Притоа Андреева стана и прва шампионка-тинејџер на Ролан Гарос после Ига Швентек која после тоа освои уште пет Грен слемови и две години беше светски рекет број 1.

Во ХХ1 век имаше само две тенисерки кои освоиле Грен слем на порана возраст: Марија Шарапова го освои Вимблдон на 17 години во 2004-та и Ема Радукану на 18 години славеше на Отвореното првенство на САД.

Андреева монатата година ги освои турнирите од 1000 во Дубаи и Индијан Велес. После победата во Дубаи Мира Андреева стана најмлада тенисерка во Топ 10 на ВТА листата после Никол Вајдишова во 2007-ма. Сега после овој Ролан Гарос ќе биде шеста на светската ранг листа.

Мира Андреева досега на 19 години веќе освои шест турнири: победуваше во сите категории турнири (250, 500, 1000 и Ролан Гарос).

Во 2004-та година таа освои и сребрен медал на Олимписките Игри во Париз во дуелите во двојки со нејзината сонародничка Дијана Шнајдер.

7 јуни 2026 - 09:14