Војната меѓу Израел и САД од една страна и Иран од друга страна и натаму трае. Тоа се одразува на сите сфери во тамошните општества, а трпи и спортот.
Кошаркарскиот натпревар во Тел Авив меѓу Хапоел Тел Авив и Хапоел Ерусалим е прекинат уште пред почеток на последната четвртина при резултат 77:67 во корист на домаќинот поради безбедносни причини и воздушен напад од Иран.
Навивачите набрзо биле евакуирани а натпреварот бил прекинат.
Поради влошената ситуација израелските медиуми пренесуваат дека образовните институции во земјата нема да работат во понеделник.
До моментот на прекин најефикасен на средбата беше Василије Мициќ кој постигна 18 поени со 4 асистенции.
Due to the security situation, the derby between Hapoel Tel Aviv and Hapoel Jerusalem has been suspended. 🚨
— Basketball Sphere (@BSphere_) June 7, 2026
Fans are being evacuated from the arena, and it remains unclear whether the game will resume. 🙁 pic.twitter.com/093qEs5H2L
Уште не се знае како ќе продолжи серијата. Вториот полуфинален пар го сочинуваат Макаби Тел Авив и Хапоел Холон.
После натпреварот неколку странски кошаркари од двата тима најавиле дека ќе ја напуштат земјата од безбедносни причини. Од екипата предводена од грчкиот тренер Димитрис Итудис наводно Антони Блејкни и Даниел Отуру рекле дека ќе го напуштат Израел, пишал Ноа Поплингер од израелски Спорт5.
Такво барање имал и помошниот тренер Стефанос Дедас кој исто пробал да ја напушти желбата но клубот го разуверил да не заминува и дека работите ќе се смират.
Истовремено уште неколку кошаркари на Хапоел меѓу кои и Крис Џонс (се зборува дека потпишал со Црвена звезда) и Тај Одиасе исто изразиле загриженост и сакале да заминат.