Додека целата светска јавност очекуваше да види дали „Мондо“ Дуплант ќе го урне светскиот рекорд кој сам го постави и никој не помислуваше на поинакво сценарио, се појави тој - Емануил Каралис кој направи чудо и победи среде Стокхолм на негов терен.
Претходно Арманд Дуплантис изгуби во директен дуел со Австралиецот Кертис Маршал кој скокна повисоко од Швеѓанецот и го исфрли од игра.
„КАКО ШТО ВИКААТ ВО ШВЕДСКА, ИЛИ ИМАШ СРЕЌА ВО КОЦКАТА ИЛИ ВО ЉУБОВТА“ - ЗА НЕДЕЛА ДЕНА ЌЕ ПРАВИ СВАДБА
Арман Дуплантис последен пат изгуби односно не победи во летото 2023-та! Од тогаш досега забележа дури 40 победи по ред вклучувајќи ги и олимписката титула во Париз, 9 Светски рекорди и 5 злата на летни и зимски Олимписки игри!
Што претходеше сега на второто место во Стокхолм? Дуплантис изминатиов период одново постави светски реркод, на 16-ти мај без проблеми славеше на „Дијамантска лига“ со резултат 6,12.
Но сега изгуби на домашен терен...
„Како што викаат во Шведска, ако не ти оди во коцката ќе ти оди во љубовта“, се насмеал Дуплантис и додал дека за една недела го чека свадба.
„Се надевам дека благодарение на овој настап, нашата љубов ќе трае многу долго, засекогаш. Но сепак да се изгуби дома, во Стокхолм, пред очите на цело семејство... Најлошо нешто што можеше да ми се случи“, рекол Арман Дуплантис.

ХЕРОИНА НА ВЕЧЕРТА Е ОДРИ ВЕРО!
Швајцарката Одри Веро направи голема сензација откако во истата сала на исто место на трката на 800 метри ја совлада големата светска шампионка и рекордерка во сала Кили Хоџкинсон а во исто време и стана трета најбрза на сите времиња во оваа дисциплина.
22-годишната Швајцарка која е родена во Фрајбург стана трета жена во историјата која истрчала под 1:52 800 метри. Веро ја напаѓаше Хоџкинсон во последните 50 метри и на крајот постигна неверојатно време од 1:53,98 мнути што е нов рекорд на Дијамантската лига, митингот во Стокхолм, Швајцарија и најдобар резултат на сезоната во светот.
Веро оствари најдобро време на 800 метри уште од рекордот на Јармила Кратохвилова која во далечната 1983-та истрчала 1:53,28. На второ место на сите времиња е Надежа Олизаренко со 1:53,43 минути во 1980-та.