Како Зверев го прекина проклетството и конечно го освои Ролан Гарос

Германскиот тенисер Александар Зверев е нов шампион на Ролан Гарос откако во големото финале во Париз го совлада помладиот Италијанец Флавио Коболи во пет сета: 6:1, 4:6, 6:4, 6:7, 6:1. Ова е прва Гренд Слем титула во кариерата на Зверев кој досега играше во две Гренд Слем финалиња и двете ги загуби од пресврти после негови водства. Сега конечно го тргна проклетството.

 

Александар Зверев има три порази во големите Грен слем финалиња исто како и Норвежанецот Каспер Руд но 29-годишниот Германец може да се пофали со златен олимписки медал и две титули од завршниот Мастер како и неколку пехари од Мастерсите 1.000.

Интересно, Зверев до титулата на Ролан Гарос стигна после 125 победи во кариерата на овој турнир и со тоа стана негативен рекордер. Има 20 победи повеќе од Горан Иванишевиќ пред Хрватот да го освои Вимблдон.

Зверев стана и петти најстар дебитант на една шампионска бина на некој Грен слем турнир. Рекордер и натаму е Шпанецот Химено, тенисер кој во далечаната 1972-ра година на 34 години го осовил Ролан Гарос.

Сега го чека неколкудневен одмор па почнува сезоната на трева. Пријавен е Зверев за турнирот 500 во Хале каде ќе има шанса со своите сонародници во Германија да ја прослави својата прва Грен слем титула за германскиот тенис после 30 години. Во 1996-та последна им донесе Борис Бекер во Мелбурн.

https://off.net.mk/offside/fudbal/emotivni-sliki-site-fudbaleri-zaedno-…

 

8 јуни 2026 - 10:23