Прекрасната кореографија на УГЕ Шалке

На мечот против Хамбургер во Бундеслигата, преку 50.000 навивачи на Шалке кои се во братски однос со скопските Комити, направија фантастична кореографија на денот на кој пред 20 години го освоија Купот на УЕФА. На крајот соопштија дека целата кореографија чинела 119.991 евра (исклучително од донации на навивачите, без учество на управата на клубот)

Во финалето на Купот на УЕФА во сезоната 1996/1997, Шалке се сретна со Интер. Тоа беше последен пат финалето на овој турнир да се игра во два меча. Во првиот Германците победија со 1:0, во вториот изгубија со идентичен резултат па на пенали славеа со 4:1.

Тоа е воедно и најголемиот евро успех во клупската историја на Шалке.

 

14 мај 2017 - 11:26