Која е најубавата кореографија во Лигата на шампионите

Искрено веруваме дека навивачите на Вардар во првата прилика ќе се искупат за промашеното тифо на мечот против Реал Сосиедад, а до тогаш ќе ја разгледаме тематиката ширум Лигата на шампиони.

Враќањето на ЛШ евоцира многу спомени: врвен фудбал, химната на темата ’The Champions’, но пред сè неверојатните кореографии од навивачите.

Овие сцени, или тифо, збор преземен од италијанскиот термин tifosi секогаш ги остава гледачите крај малите екирани со многу прашања. Како ги прават, како ги местат? Чија идеја е тоа? Кој ги црта „шеталиците“ и слично.

Меѓу навивачите владее мислење дека цртаните се далеку пооригинални и дека секој некој што принта, штампа или компјутерски одработува тифо е дел од модерниот фудбал а не прав следбеник на „идејата“.

КОЈА КОРЕОГРАФИЈА ВО ЛШ БЕШЕ НАЈСПЕКТАКУЛАРНА:

Спартак Москва - Ливерпул, септември 2017

Олимпијакос - Спортинг Лисабон, септември 2017

Реал Мадрид - Атлетико Мадрид, мај 2017

Атлетико Мадрид - Реал Мадрид, мај 2017Борусија Дортмунд - Бенфика, март 2017

Легија Варшава - Борусија Дортмунд, септември 2016 

Галатасарај - Реал Мадрид, септември 2013 

Селтик - Барселона, ноември 2012 (125-годишнина на Селтик)