Симпатична кореографија La casa de papel на Олимпијакос - Милан
Навивачите на Олимпијакос, организирани под името Gate7, синоќа беа силен ветер во грб за нивните играчи кои со 3:1 го исфрлија Милан од Лига Европа. На грчкиот тим му требаше победа од два гола разлика и на крај ја оствари. Пред стартот на мечот Gate7 направи супер кореографија на тема La casa de papel со пехарот од Лига Европа како крајна цел.