Постои посебна врска меѓу германскиот фудбалски клуб Унион Берлин и неговите навивачи, а оваа врска доби и една трогателна нота минатиот викенд. Унион Берлин е 113 години стар клуб а никогаш не играл во најдобрата германска Бундеслига.
Пред самиот почеток на мечот со РБ Лајпциг, прв во историјата во Бундеслига за црвено-белите од Берлин, навивачите во раце држеа големи фотографии од саканите кои починале и кои не стигнале да го видат Унион во Бундесл.
Сликите биле пропратени со натпис "Endlich dabei" (Конечно таму).
А клубот ги броел дури и починатите како присутни на стадионот во официјалниот капацитет на мечот. Стадионот „An der Alten Försterei's („Кај стариот шумарски дом“) има 22,402 седечки места но во саботата биле изброени 22,467 гледачи.
Стадионот кој важи за еден од најголемите во Берлин, официјално бил отворен во 1920 година, но низ годините доживеал градежни промени, од кои најпознато е поставувањето на покрив преку сите трибини од јуни 2008 до јули 2009 година.
Според клупскиот сајт на Унион Берлин, навивачите „изградиле свој сопствен стадион“ затоа што дури 2.300 волонтери сработеле преку 140.000 часа за да му помогнат на Унион Берлин да заштеди милиони долари.
Во саботата дел од навивачите држеа во раце слики од најблиските кои не се веќе меѓу живите и не стигнале да го гледаат Унион во Бундеслига. Навивачите дури и платиле карти за луѓето од овие слики.
Adeptos do Union Berlin levaram para o estádio fotos de amigos e familiares que não viveram o suficiente para ver o seu clube pela primeira vez na Bundesliga 👏 pic.twitter.com/mjiSIO3BZW
— B24 (@B24PT) August 20, 2019